Три кратниот Светски шампион го продолжи договорот за дополнителни две години со Кавасаки.

Денеска стигна потврда дека Џонатан Реа ќе остане дел од Kawasaki Racing WorldSBK и во сезоната 2019 и ќе се обиде да стане најуспешниот возач кој некогаш настапувал во серијата. Со новиот две годишен договор, неговата соработка со Provec Racing тимот сега ќе изнесува пет години.

img 20180610 225412 full

Уште од првиот пат кога му се приклучи на Kawasaki во 2015 година, веднаш се забележа дека работите одлично ќе функционираат и за двете страни. Првата победа ја постигна на Филип Ајленд, а потоа оствари уште тринаесет победи до крајот на сезоната. Како врв, на крајот на сезоната дојде шампионската титула. Незапирлив во последниве три години, за тоа доволно говори и статистиката: 44 победи, 80 места на подиумот и 12 пол позиции.

Уривајќи голем број на рекорди, Реа и Kawasaki сигурно ќе влезат во историјата на овој спорт. Реа вели дека нема да запре тука.

„Навистина сум среќен што и во следните две сезони ќе продолжам да возам за Kawasaki. Уште од крајот на минатата сезона ги започнавме разговорите за продолжување на соработката. Добро е што сега се е готово и можеме да се фокусираме на тркањето. Од моментот кога пристигнав тука, бев добро пречекан и заедно постигнавме голем успех. Сакам да останам тука. Сакам да им се заблагодарам на сите во Kawasaki што веруваа во мене и што ми овозможија да дојдам во овој тим. Ќе продолжиме да работиме напорно за да отанеме на првото место во WorldSBK и во иднина. Околу мене го имам најдобриот тим кој ќе се погрижи да се бориме за титулата. “

Back To Top