Џонатан Реа ги потсети своите ривали дека ќе биде еден од фаворитите откако го заврши претсезонскиот тест на Филип Ајленд на првото место

Џонатан Реа ги потсети своите ривали дека ќе биде еден од фаворитите откако постигна најдобро комбинирано време на дво дневниот тест на Филип Ајленд.

Бранителот на титулата беше во водство во поголем дел од денот и на крајот успеа да му го одземе првото место на Чави Форес кој заврши како прв на првиот ден од тестовите. Времето кое го постигна Реа од 1 минута 30.545 секунди му овозможи да се искачи на првото место.

rea filip ajlend 1

Возачот на Aruba.it Racing, Марко Меландри, постигна време од 1 минута 30.575 секунди и на крајот се најде пред неговиот тимски колега Чез Дејвис.

Том Сајкс беше многу блиску до најдобрите тројца возачи и покрај тоа што имаше заостанување од речиси половина секунда зад тимскиот колега Реа. Чави Форес, кој имаше најдобро време на првиот ден, на крајот сепак се најде на петото место. Возачот на Kawasaki Racing имаше мали проблеми на стартот но сепак успеа да извози до крај.

Леон Камиер уште еднаш импресионираше на MV Agusta и заврши на шестото место пред возачот на Milwaukee Aprilia, Лоренцо Савадори, додека пак позициите кои ги освоија Алекс Ловс од Pata Yamaha и Жорди Торес од Althea BMW овозможија на првите девет места да се најдат шест различни производители.

Дебитантот Ренди Краменахер имаше добар настап на вториот ден од тестовите и на крајот се најде меѓу најдобрите десет возачи.

Лош настап имаше Јуџин Лаверти кој заврши на дванаесетото место но сепак се најде пред возачот на фабричкиот тим на Yamaha, Мајкл ван дер Марк.

Членот на Red Bull Honda, Ники Хејдн,повторно се најде во долниот дел од табелата откако заврши на четиринаесетото место а неговиот тимски колега Стефан Бредл беше деветнаесети со заостанување од две секунди зад Реа.

Сега возачите ги очекува краток одмор пред првата трка од сезоната 2017 која ќе се оддржи на Австралиската патека од 24-ти до 26-ти февруари.

Back To Top