WSBK

Реа повторно најбрз, одличен настап на дебитантот Топрак

Џонатан Реа остана со најдобро време на тестовите кои се оддржаа во Портимао. Сепак, возачот на Kawasaki, Торпак Разгатлиоглу беше оној кој привлече најголемо внимание.

Следете нè на:

 

После двата дена тестови на патеката во Херез минатата недела, овој викенд тестовите се оддржаа на друга локација, во Портимао, Португалија.  Патеката беше отворена од десет часот наутро па се до 5 часот попладне по локално време. Времето претежно беше сончево но сепак имаше и силен ветер кој ги спречи возачите да имаат конзистентно време по извозен круг. Покрај тоа, имаше и неколку возачи кои паднаа.

rea najbrz test1

Со тркачки пневматик, Реа постигна време од 1:41.485 и се најде на врвот на табелата. За разлика од минатата година, овој пат времето кое го постигна беше за 0.055 секунди побавно.

Возачот на Honda, Леон Камиер се најде на второто место додека пак Алекс Ловс беше трети. Ловс си заминува среќен од Португалија бидејќи ја исполни неговата цел, а тоа беше да се фокусира на темпото наместо да брка што е можно побрзо време.

Големо внимание повторно привлече Разгатлиоглу. На тестот кој се оддржа на истата патека минатата година, Турскиот возач неколку круга по ред имаше многу слично време со она на Реа. Слично беше и оваа година. Најдоброто време на Торпак можеби беше за шест десетинки побавно од она на Реа но сепак разликата со најбрзиот возач на Yamaha изнесуваше само една десетинка. Од Pireli потврдија дека Топрак настапил со тркачки пневматици. По завршувањето на сесијата тимскиот шеф потврди дека мотоциклот се уште не е готов и дека ова било само 90 % од неговите можности. Најави нов мотор за тестот кој ќе се оддржи во Австралија.

Двајца други возачи за прв пат тестираа оваа година. Чави Форес излезе со мотоциклот на Barni Racing Ducati . Пи Џеј Јакобсен пак дебитираше со TripleM Honda. Тој веднаш настапи со електронскиот систем на „Magneti Marelli “ кој се уште не е употребен кај мотоциклите на Камиер и Џек Гање.

Гање предвреме ги заврши тестовите откако излета од патеката на петиот свиок, а еден ден претходно на истото место излета и Том Сајкс.

Лош викенд имаше и Ондреј Језак. Во саботата не функционираше ауспухот на мотоциклот, а во неделата откажа моторот.

За време на тестовите, Pireli испроба осум нови предни пневматици и еден нов заден пневматик.  Исто така со помош на Кенан Сафуоглу испробаа и неколку пневматици наменети за Супорспорт серијата.

Тимовите сега ќе се повлечат во своите гаражи во очекување на првата трка од сезоната која ќе се оддржи на Филип Ајленд. Секако, од големо значење ќе биде и тестот кој ќе се оддржи на патеката во Австралија на 19. и 20. февруари.

portimao2

Би можело да ве интересира

Како што можете да забележите по огласите за продажба на мотоцикли, возраста се повеќе ги принудува возачите засекогаш да се откажат од своите мотоцикли.

Во Хонда салонот на Макпетрол пристигна новиот Honda CB125R 2018.

Организаторите на релито Дакар само што ги соопштија нивните првични планови за 2019 година. Следната сезона, оваа исклучително тешка трка ќе се оддржи само во една држава: Перу.

MV Agusta по пауза од 40 години повторно ќе биде дел од Гран При трките. Легендарната Италијанска компанија од 2019 година ќе биде дел од Moto2 серијата.

Патеката Ле Ман во Франција беше домаќин на петтата трка до МотоГП шампионатот. Марк Маркез уште еднаш го потврди својот авторитет откако победи со предност од 2.31 секунда пред второпласираниот Петручи.

Дукати го обезбеди потписот на Довициозо, но сѐ уште не е познато кој ќе биде негов тимски колега.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!