Извршниот директор на Ducati,  Клаудио Доменикали, смета дека проблемот со популарноста со кој се соочува Светскиот Супербајк шампионат е поради фактот дека во моментов тој не се разликува премногу од MotoGP.

Извршниот директор на Ducati,  Клаудио Доменикали, смета дека проблемот со популарноста со кој се соочува Светскиот Супербајк шампионат е поради фактот дека во моментов тој не се разликува премногу од MotoGP. И покрај тоа што нема постигнато победа во серијата од 2011 година, Ducati останува најпопуларниот производител во 29 – годишната историја на серијата. Доменикали веќе потврди дека тие ќе останат дел од натпреварувањето и во иднина и дека почнувајќи од 2019 година ќе го користат новиот V4 мотоцикл.

DomicaliWSBfuture

Сепак на прашањето што смета дека е потребно да се направи за Светскиот Супербајк шампионат повторно да се најде на врвот, Доменикали вели дека тоа воопшто нема да биде лесна задача и додаде дека WSB и MotoGP треба да имаат различни целни групи, односно, MotoGP да биде наменет повеќе за обичните фанови, а WSB за ентузијастите.

„Како повторно да го направите најдобар Светскиот Супербајк шампионат е интересна дебата. Мислам дека времињата се различни. Ако погледнеме 15 години наназад, тогаш ги имавме Трој Бејлис и Колин Едвардс како се натпреваруваат на патеката во Имола. Мотоциклите беа врвни прототипи, односно на една страна ги имавте WSB, а на друга 500GP. Тие беа сосема различни.“

„Започнувајќи од 2002 година, MotoGP премина на четири тактни мотори и двата шампионати започнаа да наликуваат еден на друг. Од тој момент WSB почна да го бара своето место. Пред 15 години имаше многу повеќе слобода во прилагодувањето на мотоциклот но исто така беше и многу поскапо.“

„Сега имате исти организатори на шампионатот. Мислам дека WSB треба да се посвети повеќе на вистинските ентузијасти, а MotoGP на лицата кои и не се разбираат премногу во мотоциклите. Би сакал да видам повеќе производители и тие да бидат компетитивни.“

Back To Top