WSBK

Том Сајкс: „Новите правила за моторот се комплетна глупост“

Том Сајкс смета дека новите правила за моторот се комплетна глупост, бидејќи поради нив ќе мора да има поинаков стил на возење.

Следете нè на:

 

Том Сајкс смета дека новите правила за моторот се комплетна глупост, бидејќи поради нив ќе мора да има поинаков стил на возење.

Според новите правила, моторите во WSBK класата ќе мора да имаат „balancing shaft“ што пак значи дека новиот мотоцикл на Kawasaki, ZX-10R, ќе има поинакви карактеристики.

Сајкс смета дека овие промени ќе преставуваат голем проблем за него.

sykes winter test

„Би рекол дека мојот стил на возење е повеќе тркачки. Секогаш сакам остро да влезам и да излезам од свиокот. Со сите овие промени на правилата ќе морам многу да се прилагодам и токму тоа се обидов да го направам во Арагон.“

„Мислам дека тука постигнавме мал напредок. Ќе продолжиме да работиме, но една работа е сигурна. Правилата постојано се менуваат. Мислам дека кога луѓето велат дека шампионатот треба да биде евтин, а правилата постојано се менуваат, не разбираат дека тоа не го прави евтин бидејќи мора да се бара алтернатива. “

„Разочаран сум во однос на тоа во кој правец се менуваат правилата, дека акумулаторите мора да се заменат со генератори. Тоа влијае на она што сакам да го направам со мотоциклот. Ќе се обидам најмногу што можам да бидам компетитивен. Веќе го почнавме тоа во Арагон.“

„Во суштина, тоа е една голема глупост и малку е разочарувачки бидејќи со тоа ќе ми се намалат перформансите. “

„Луѓето можат да кажат што сакаат, но во однос на тоа како возев со мотоциклот, сега сум далеку од тоа. Можам цел ден да ви зборувам, но, таква е ситуацијата и ќе се обидеме да дадеме се од себе.“

Во однос на тоа како досега се одвиваа тестовите додаде: „Да бидам искрен, добри се. Денеска беше прилично мирно. Во однос на перформансите не беше многу добро но сакавме да испробаме некои работи и ги искористивме лошите временски услови за да го направиме тоа.“

„Ако во следните неколку дена временските услови се добри ќе испробаме други работи. Во основа, блиску сме до мотоциклот за следната сезона. Работиме и тестираме колку што можеме повеќе. Шасијата е слична, но моторот е малку потежок.“ 

Би можело да ве интересира

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Можеби тоа е само земја на слободи во однос на полуавтоматските оружја. Но се чини дека во иднина жителите на Америка нема да имаат избор во однос на тоа каков мотоцикл ќе можат да купат.

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!