По двојната победа во Имола со која се искачи на врвот на табелата за прв пат оваа сезона, Том Сајкс ќе се обиде да ја зголеми својата предност на осмата трка од Светскиот Супербајк шампионат која ќе се одржи овој викенд.

Tom-Sykes-Kawasaki-Monza

По двојната победа во Имола со која се искачи на врвот на табелата за прв пат оваа сезона, Том Сајкс ќе се обиде да ја зголеми својата предност на осмата рунда од Светскиот Супербајк шампионат која ќе се одржи овој викенд.

Британецот можеби ќе има мала конкуренција бидејќи најголемиот ривал Силвиан Гинтоли- кој има 6 поени помалку од возачот на Кавасаки- го дислоцира рамото.

Возачот на Априлиа, Јуџин Лаверти заостанува 46 поени. Тој ќе мора да биде поконзистентен и да прави помалку грешки доколку сака да го стигне Сајкс. Истото се однесува и на Марко Меландри кој има 53 поени заостанување.

Сајкс, кој победи на првата трка која се одржа во Москва, а на втората заврши на второто место, се надева дека ќе го повтори истиот резултат и на трката во недела.

„Минатата година патеката во Москва беше нова за сите. Мислам дека доста брзо ги учам патеките. Имам голема довеба во моторжциклот и во тимот и знаев дека ќе бидеме добро подготвени за трката во Москва минатата година. Поради тоа и остваривме победа.”

„Речиси сите мои ривали сега ја познаваат патеката па затоа ќе биде потешко оваа година. Се најдовме во историјата како први победници на патеката минатата година.”

Back To Top