Трикратниот Светски Супербајк шампион, Трој Бејлис, ќе се врати на трките и во сезоната 2018 ќе биде дел од Австралиската Супербајк серија.

49 годишниот возач ќе настапува за тимот во кој е ко-сопственик заедно со поранешниот возач Бен Хенри. Бејлис ќе настапи на сите седум трки од серијата која почнува во истиот период кога се оддржува и трката од Супербајк шампионатот на Филип Ајленд, односно кон крајот на февруари.

baylissreturn

Ова не е прво враќање на трките за поранешниот шампион. Во 2015 година тој беше замена за повредениот Давиде Џулиано на првите четири трки од Супербајк серијата, при што најдобар резултат му беше деветото место.

„Дефинитивно мислам дека имам незавршена работа. Треба малку да се подготвам физички но после тестовите кои ги имав на Аделаида Мотоспорт фестивалот, мислам дека сум подготвен да одговорам на предизвикот.“ - Трој Бејлис

Back To Top