Леон Камиер можиби си замина разочаран од Тајланд поради фактот дека за малку му избега местото на подиумот, но сепак резултатите кои ги постигна Red Bull Honda укажуваат на тоа дека тимот постигна напредок во однос на минатата сезона.

Возејќи го мотоциклот на Honda на истиот начин како што тоа го правеше и со MV, 31 годишниот Камиер дополнително го зациментира своето место како одличен развоен возач кој во исто време е брз и конзистентен. Стартот кој го имаше од првиот ред со новиот Fireblade CBR1000RR е најдобриот резултат кој го постигна Honda откако во 2016 година Ники Хејден стартуваше од втората позиција на трката во Лосаил.

Camier

После добриот викенд, Британецот имаше за цел место на подиумот но откри дека сѐ уште не може да ги достигне неговите ривали, особено на правите делови од патеката.

„Со оглед на тоа дека имавме добра стартна позиција, си помислив дека сега ни е шансата за победа“, вели Камиер. „Влегувањето во свиок и сопирањето беа одлични, а исто така и шасијата добро функционираше. Но сепак имаме проблеми на правецот. Ќе биде добро доколку се изедначиме со другите тимови но во моментов ситуацијата е поинаква.“

И покрај најавената употреба на „Magneti Marelli“ електрониката, тимот Тен Кате продолжува да го употребува „Cosworth ECU“. Според информациите, тимот ќе продолжи со него и на трките во Арагон и Асен. Неодамна во Монтебланко тестираа со „Mirelli“, а уште еден тест е закажан за во Асен. Откако ќе биде воведена промената, очекувајте малку послаби перформанси со оглед на тоа дека на инжинерите ќе им треба време за да научат како функционира новиот систем и како да го применат на мотоциклот.

Back To Top