Џонатан Реа за брзо време ги заборави двете мали незгоди на стартот на 2018 година и на денешниот, прв тест за 2018 година кој се оддржа во Херез се искачи на првото место.

Три кратниот светски шампион не дозволи инцидентите да влијаат на неговата концентрација и продолжи со добриот настап. Сепак, добар настап имаа и останатите возачи. Членот на  PATA Yamaha, Алекс Ловс, после шест часа возење, заврши со заостанување од само 0.2 секунди зад Реа.

ReaDay1

Том Сајкс го постигна третото најдобро време, а веднаш зад него се најде возачот на Aruba Ducati, Марко Меландри со заостанување од 0.376 секунди. Чез Дејвис заврши на петата позиција со заостанување од 0.8 секунди зад Реа, а по него следуваа возачите на Yahama и Milwaukee Aprilia, Михаел ван дер Марк и Јуџин Лаверти. 

Леон Камиер го имаше осмото најбрзо време. Неговиот мотоцикл се уште е опремен со  електроника од „Cosworth“ наместо со „Magnetti Marelli“ кој треба да го употребува оваа сезона. Тест возачот на Yamaha, Николо Канепа, заврши на деветото место додека пак Лоренцо Савадори ги комплетираше првите десет возачи. Лорис Бас заврши на единаесетото место и на крајот се најде пред шампионот од Superstock 1000, Михаел Риналди.

Леон Хаслам, кој го имаше првиот тест со JG Speedfit Kawasaki се најде на четиринаесетото место.

Лоренцо Занети, кој настапи со 1000cc V4 Panigale Ducati, постигна за 1.8 секунди послабо време од Реа. Занети се очекува да почне да се трка од следната сезона. Тестовите ќе продолжат утре.

jereztestingtimes

Back To Top