WSBK

WSBK: Двојна победа на Ван дер Марк на патеката во Донингтон

Михаел ван дер Марк имаше целосна контрола на трката во Донингтон Парк и на крајот успеа да стигне до двојна победа. Возачот на Puccetti Kawasaki, Топрак Разгатлиоглу беше втор, а Светскиот шампион, Џонатан Реа заврши на третото место.

Следете нè на:

 

Лоренцо Савадори успеа да се пробие на лидерската позиција на почетокот на трката но за кратко време беше претекнат од Алекс Ловс кој трката ја стартуваше од пол позицијата.

Британцот беше во водство поголем дел од трката но постепено му се приближуваа неговиот тимски колега ван дер Марк и Џонатан Реа.

После неколку обиди, Реа успеа да го претекне и да избие на првата позиција. Ловс веднаш после тоа беше претекнат и од ван дер Марк кој веќе кај свиокот Melbourne успеа да го претекне Реа и да избие на челната позиција.

vdmstory

Холанѓанецот успеа да направи предност во однос на Реа кој пак сега се соочуваше со притисок од страна на Топрак Разгатлиоглу.

Возачот на Kawasaki успеа да го претекне Реа во претпоследниот круг од трката и на крајот заврши на второто место со предност од 0.2 секунди.

Ловс, иако во поголемиот дел од трката беше во водство на крајот сепак заврши на четвртата позиција додека пак Чез Дејвис беше петти. Неговиот тим, Aruba Ducati имаше уште еден тежок викенд.

Поранешниот победник Том Сајкс заврши на разочарувачкото шестто место додека пак веднаш зад него беше возачот на Aprilia, Лоренцо Савадори.

Леон Камиер целната линија ја помина на осмата позиција и на крајот се најде пред Жорди Торес и Лорис Баз кои ги заокружија првите десет места.

Во моментов, Реа се наоѓа на првото место во генералниот пласман со предност од 64 поени во однос на Чез Дејвис кој е на втората позиција. Со оваа двојна победа, ван дер Марк изби на третата позиција на табелата.

Би можело да ве интересира

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.