Одличните трки во Истанбул донесоа уште поголема неизвесност во генералниот пласман, од првиот до четвртиот возач има разлика од само 31 бод, на три рунди до крајот на сезоната.

wsbk-istanbul-2013-102

Одличните трки во Истанбул донесоа уште поголема неизвесност во генералниот пласман, од првиот до четвртиот возач има разлика од само 31 бод, на три рунди до крајот на сезоната.

Одличните временски услови во Турција овозможија да следиме прекрасна трка на средината од септември. Иако бројот на возачи беше намален заради падовите на тренинзите но и претходните повреди кои ги мачат возачите, сепак на Истанбул Парк следевме возбудливи трки.

Четворицата возачи кои годинава го имаат главниот збор во шампионатот ја продолжија борбата за титулата. Како што најави и Том Сајкс, последните три рунди ќе донесат борба каква што не сме виделе до сега. Впрочем тоа се виде и во Турција, кога по завршувањето на трката Силвијан Гинтоли беше видно револтиран иако забележа едно четврто и едно трето место на двете трки.

И да не должиме, ќе кажеме само дека во генералниот пласман од првиот (Том Сајкс) до четвртиот (Јуџин Лаверти) има разлика од само 31 бод.

Резултати и видео од првата трка:

Резултати и видео од втората трка:


Осиромашениот стартен ред пред почетокот на 11-та рунда во Супербајк шампионатот можеби беше причината за слабата посетенот на Истанбул Парк, но не смее да биде оправдување за бројната турска нација.

Супербајк шампионатот оваа година за прв пат организираше трка во Истанбул, но според она што имавме прилика да го видиме нема да не зачуди доколку следната година трката биде изоставена од календарот. Публиката не успеа да исполни ни 30% од главната трибина, а останатите кои впрочем се на одлични позиции останаа целосно празни на двете трки.

За галеријата од трката во Истанбул кликнете овде. 

Back To Top