WSBK

WSBK: Хаслам ќе се приклучи на Kawasaki во 2019 година

Искусниот Британски возач Леон Хаслам ќе му се приклучи на Џонатан Реа во KRT и ќе биде дел од официјалниот тим на Kawasaki во сезоната 2019 од Светскиот Супербајк шампионат.

Следете нè на:

 

Моменталниот лидер во Британскиот Супербајк шампионат, Леон Хаслам, следната недела ќе им се приклучи на Џонатан Реа и Казума Ватанабе и ќе биде дел од трката Suzuka 8-Hour. Хаслам, претходно краток период му беше тимски колега на Реа пред тој да премине во тимот на Kawasaki. Тој е искусен WSBK натпреварувач кој зад себе има пет победи и триесет и девет места на подиумот. Неодамна, со помош на вајлд карта тој беше дел од неколку трки од шампионатот. На дванаесет трки од Британскиот шампионат колку што се оддржаа досега, Хаслам победи на шест и во моментов е лидер со 80 поени. Возач со големо искуство и кој бил дел од голем број на трки, негова најдобра сезона во Светскиот Супербајк шампионат беше во 2010 година кога заврши на второто место. Тој ќе ја започне соработката со KRT во текот на зимските тестови кои ќе се оддржат оваа година. 

haslam krt

Гим Рода, тимскиот менаџер на KRT вели: „Многу е тешко да се најде замена за возач каков што е Том. После долго размислување дојдовме до одлука да потпишеме договор со Леон за сезоната 2019. Има комплексна, спортска стратегија зад ваквата одлука и за да ги задоволиме нашите тимски цели одлучивме дека Леон е најдобрата опција. Во текот на изминативе неколку недели имаше голем број на гласини и шпекулации и среќни сме што конечно можеме да потврдиме дека во иднина Леон ќе вози за нас.“

„Сите знаеме дека тој презема голема одговорност и на 35 години да се добие ваква шанса е одлична можност да докаже дека се уште може да допринесе кон овој спорт. Јас сум лично многу мотивиран да го искористам неговото искуство. Како што велиме во KRT, резултатите се најголем доказ за нашето настојување.“

Стив Гатриџ, тркачкиот менаџер во KME изјави: „Тоа што го носиме Леон во тимот на KRT јасно покажува дека внатре во Kawasaki постои јасна структура кој има за цел да стигне до врвот. Откако тој му се приклучи на BSB тимот на Kawasaki, имавме одлична соработка, меѓу кои беше и настапот на трката во Сузука како и помош на тимовите Puccetti и Pedercini во WSBK серијата. Но за нас најважна е неговата желба да работи напорно. Воопшто не се сомневам дека ќе има мотивација на секоја трка до крај да го притиска Џонатан Реа.“

Кен Ондо, постар менаџер во Kawasaki: „Големо задоволство на сите кои сме дел од Kawasaki ни претставува фактот дека Леон ќе биде дел од KRT. Тој е лидер во BVB серијата, а исто така два пати се искачи на подиумот на трката во Сузука. Следната трка која ќе се оддржи на оваа патека одлично ќе ни го претстави двоецот на KRT за сезоната 2019.“

Леон Хаслам: „Сакам да им се заблагодарам на Kawasaki за оваа можност. Со нетрпение чекам да се вратам во Светскиот Супербајк шампионат. Поддршката која ја добив од страна на Kawasaki во изминативе три години колку што сум дел од Британскиот Супербајк шамопионат е извонредна. Се надевам дека ќе им се оддолжам со титула за сезоната 2018 во BSB серијата, а потоа ќе имам и добар настап следната година. Во 2019 година не чекаат неколку предизвици.“

Би можело да ве интересира

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.