Тимот на Пата Хонда во Супербајк шампионатот потврди дека следната година ќе ги задржи своите возачи Џонатан Реа и Леон Хаслам.

3462 TK1 4261

Тимот на Пата Хонда во Супербајк шампионатот потврди дека следната година ќе ги задржи своите возачи Џонатан Реа и Леон Хаслам.

Тимот на Хонда годинава не забележа посериозни резултати, според мислењето на многумина пред се заради слабите перформанси на моторот, но секако туке беа и проблемите со возачите. Џонатан Реа сеуште се опоравува од повредата на Нирбургринг, се очекува да се врати на последната трка во сезоната, а Леон Хаслам се здоби со скршеница на ногата во април на патеката Асен.

Хаслам се приклучи на Хонда оваа сезона но во кариерата има извозено повеќе од 50 супербајк трки за Хонда. 30 годишниот британец има забележано 3 победи и 28 подиуми од 2003 година, а во 2010 стана и вице-шампион.

Џонатан Реа изјави дека ова за него била одлука која не ја донел туку-така. „Имав повеќе опции и размислував долго, но сепак на крајот пресудно беше тоа што сум со тимот веќе 6 години, а со Хонда скоро целиот мој живот. Знам дека тимот прави се што може да го направи моторот по конкурентен, и сигурен сум дека следната сезона ќе можеме да забележиме повеќе победи и да се бориме за шампионската титула.“

Back To Top