На презентацијата во Барселона, тимот на Кавасаки во Супербајк шампионатот го прикажа новиот мотор. За разлика од МотоГП каде навистина е тешко да се види внатрешноста на прототипите, во Супербајк се е познато.

KRT Team Launch GB44904

На презентацијата во Барселона, тимот на Кавасаки во Супербајк шампионатот го прикажа новиот мотор. За разлика од МотоГП каде навистина е тешко да се види внатрешноста на прототипите, во Супербајк се е познато. 

На прес конференцијата присуствуваа и двајцата возачи на зелениот тим, Лорис Баз и Том Сајкс. Изгледот на новиот мотор е во препознатливите бои на Кавасаки, иако годинава во централниот дел ќе доминира црната боја. Тимот е самоуверен во резултатите откако имаа одлична сезона минатата година, и најдобро време на првите тестови во 2013, а очекувањата се дека Сајкс годинава ќе дојде до шампионската титула.

Back To Top