Тимот на Априлија изврши дводневно тестирање на новиот мотор со кој ќе се натпреварува во 2014 година во Супербајк шампионатот, но она што беше по интересно секако е запознавањето на нивниот нов член, Марко Меландри со моторот.

195899 wsbk melandri m aragon

Легендарниот Марко Меландри ќе се обиде следната година да ја освои титулата во Супербајк шампионатот со Априлија

Тимот на Априлија изврши дводневно тестирање на новиот мотор со кој ќе се натпреварува во 2014 година во Супербајк шампионатот, но она што беше по интересно секако е запознавањето на нивниот нов член, Марко Меландри со моторот.

За Меландри ова не е прв допир со Априлија, тој имаше прилика да биде дел од тестот веднаш по завршувањето на шампионатот на патеката Херез, но овојпат тоа беше тестирање во вистинска смисла на зборот. Во текот на двата дена тој заврте 102 круга и забележа најбрзо време од 1’58.0

Ова беа два навистина интересни денови за мене, иако температурата беше ниска и условите не беа идеални. Работевме на позицијата за седење, а излезе дека сетапот на Гинтоли ми одговара па веројатно ќе продолжиме од таму. Имаме многу податоци, во следните денови ќе ги анализираме и ќе продолжиме според планот. Едвај чекам да продолжиме со тестирањето и да почнам да го подобрувам времето.- изјави Меландри по тестот

Априлија ќе продолжи со тестирање на патеката Херез на 25,26 и 27 ноември, но за жал и на тој тест ќе биде присутен само Меландри. Силвијан Гинтоли минатата недела беше опериран на рамото заради проблемите кои ги имаше по падот во Москва, па нема да присуствува ни на последниот тест за годинава. Јуџин Лаверти доскорешниот член на Априлија од следната сезона ќе настапува за тимот на Сузуки.

Back To Top