WSBK

WSBK: Многу работа ги чека Хејдн и Honda

После четири дена поминати на новата Honda Fireblade, Ники Хејдн, покажа мала несигурност но тоа сигурно нема да го разочара Американецот.

Следете нè на:

 

Возачот кој има одлична работна етика сигурно нема така лесно да се откаже. Но после проблематичниот прв тест, работите тргнаа во погрешен правец за Холандскиот тим.

„Првиот ден не беше воопшто добар за нас,“ призна Хејдн. „Навистина не можам ништо подобро да кажам. Се мачевме со мотоциклот и тој не беше воопшто стабилен при излегувањето од свиоци. “

Nicky Hayden Honda Racing World Superbike Steve English 01

„Некои од проблемите што ги имавме во Херез се тука а можеби и се зголемени. Мотоциклот премногу се лизга при влегување во свиоците и поради тоа го губите правецот. “

„Да бидам искрен, ова беа фрустрирачки неколку денови за мене. Но ова не е прв пат да имам ваков тест во животот и ќе работиме да го решиме проблемот. “

Една од позитивните работи на тестот е фактот дека Хејдн успеа да го заврши целиот до крај без да има никакви проблеми, бидејќи во декември минатата година тој мораше да оди на операција на коленото.

Возачот од Кентаки се уште не е целосно подготвен но очекува дека ќе биде во врвна форма за првата трка од сезоната која ќе се вози на островот Филип.

„Во моментов не знам што можам да очекувам на островот Филип. Тимот ќе продолжи да собира податоци за патеката а потоа ќе видиме што ќе се случи. Не сакам да правам никакви предвидувања, но нема да се откажам предвреме.“

Како надополнување, тимот на патеката во Портимао донесе голем број на додатоци за моторот но сепак настапи со мотоцикл кој на себе имаше поголем дел од деловите на моделот за сезоната 2016.

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеше четвртата рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, а младиот Христијан Бузалковски забележа уште еден одличен викенд зад себе.

Тимскиот менаџер Давиде Тардози вели дека тимот отсекогаш знаел дека новиот возач на Honda, Хорхе Лоренцо, во одреден момент ќе почне да победува

„Менувачот и издувот го прават излегувањето од свиок многу подобро. Токму тоа го баравме јас и Лоренцо“ - Данило Петручи

Израелската компанија „Ride Vision“ претстави систем кој му овозможува на вашиот мотоцикл да ве предупреди на можноста од сообраќајна несреќа.

2018 Vespa World Days заврши завчера во Белфаст. Следниот ваков настан ќе се оддржи во 2019 година во Унгарија

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа 6-та и 7-та трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!