MV Agusta го најави своето враќање во Супербајк шампионатот во соработка со Yakhnich Motorsport, а денеска го објави и тимот со кој ќе се натпреварува во Супербајк и Суперспорт класите.

MV-Agusta-2014-WSB-720x331

MV Agusta го најави своето враќање во Супербајк шампионатот во соработка со Yakhnich Motorsport, а денеска го објави и тимот со кој ќе се натпреварува во Супербајк и Суперспорт класите.

Како што беше веќе познато, во Супербајк класата ќе имаме прилика да го следиме Клаудио Корти кој доаѓа од МотоГП шампионатот. 26 годишниот италијанец ќе се натпреварува со MV Agusta F4 RR, а според неговите зборови одлуката воопшто не била тешка.

Кога тимот ми понуди место, па воопшто не ми беше тешко да се одлучам. Навистина сум почестен што изборот падна на мене, но истовремено тоа претставува и голем товар со кој ќе треба да се носам. Се работи за голем и амбициозен проект во кој главниот збор го има гигантот MV Agusta. Знам дека секој во тимот ќе го даде максимумот, па затоа и јас ќе се потрудам целото мое досегашно искуство да го вложам за целите да ги претворам во резултати.- изјави Корти за медиумите

Корти се натпреваруваше со Суперспорт шампионатот во 2006-2008, за во 2010 да премине во Мото2 шампионатот. Оваа сезона се натпреваруваше во MotoGP, како возач на CRT тимот FTR Kawasaki и заврши на 19-та позиција.

BaBSlVRIcAA9JIr

Освен претставувањето на Клаудио Корти, на пресот беа претставени и русинот Владимир Леонов како и французинот Џулс Клузел кои ќе се натпреваруваат во Суперспорт класата.

Леонов нема искуство со Agusta, но со Yaknich тимот се искачи на подиумот во Имола оваа година, додека пак Клузел е познат како возач на Сузуки во Супербајк оваа сезона.

Back To Top