Ники Хејдн постигна победа на втората трката која се возеше на влажни услови на патеката Сепанг во Малезија.

Поранешниот MotoGP шампион, Ники Хејдн, ја оствари својата дебитанска победа во Светскиот Супербајк шампионат на трката во Сепанг која се возеше на влажни услови.

Американецот, кој својата последна победа ја постигна за време на шампионската сезона во 2006, беше во водство речиси во текот на целата трка.

Единствено пред крајот на трката, Хејдн се најде под притисок од возачот на Ducati, Давиде Џулиано кој исто така се обидуваше да ја постигне својата прва победа во шампионатот. Во последниот круг, тој се најде на само една секунда заостанување од возачот на Ten Kate Honda.

nicky hayden wsbk pobeda

Сепак, Хејдн успеа да ја зачува предноста во однос на Џулиано. Светскиот шампион Џонатан Реа на крајот заврши на третото место со заостанување од 3.7 секунди зад лидерот.

Со оваа победа, Хејдн стана шеснаесетиот возач на кого му успеало да забележи победа во MotoGP класата и во WSBK. Исто така ова е и првата победа за Honda од 2014 година.

Ривалот на Реа во борбата за титулата, Чез Дејвис, заврши на четвртото место, а веднаш за него беа Ентони Вест (Pedercini Kawasaki ), тимскиот колега на Хејдн, Михаел ван дер Марк и поранешниот MotoGP возач Алекс де Анџелис кој настапува за (Ioda Aprilia).

Победникот на првата трка Том Сајкс, падна од четвртото на осмото место, а на деветото и десетото место се најдоа Леон Камиер (MV Agusta) и Маркус Реитенбергер (Althea BMW).

Возачот на Pata Yamaha, Алекс Ловс доживеа пад и се верува дека има повреда клучната коска. Возачот на Milwaukee BMW, Карел Абрахам беше единствениот друг возач кој не успеа да ја заврши трката.

Предноста на Реа во однос на Дејвис сега се зголеми за 42 поени, а Сајкс заостанува 70 поени во однос на лидерот во шампионатот.

Back To Top