Јуџин Лаверти ја обезбеди првата победа во новата сезона за тимот на Сузуки, на првата трка од рундата која се возеше денеска на патеката Филип Ајленд во Австралија.
Јуџин Лаверти ја обезбеди првата победа во новата сезона за тимот на Сузуки, на првата трка од рундата која се возеше денеска на патеката Филип Ајленд во Австралија.
Фантастичната победа за Лаверти дојде благодарение на новиот GSX-R кој покажа дека ќе може да се носи рамо до рамо со Априлија, Дукати и Кавасаки. Лаверти имаше успешен старт на трката ако се земе во предвид дека стартуваше од четвртата позиција. Прекрасното време на патеката во Австралија ни овозможи да следиме навистина возбудлива трка, во која на крајот возачот на Сузуки се покажа како нај умешен.
Вториот возач на Сузуки, новајлијата во Супербајк шампионатот Алекс Ловс за жал не ја заврши трката иако беше на добар пат да донесе бодови за тимот. Да потсетиме дека Сузуки последен пат освои титула во овој шампионат пред цели 9 години, но како што стојат работите оваа сезона тоа може да се промени.
Априлија имаше успешен настап на првата трка со освојување на второто и третото место, од кои Марко Меландри успеа да грабне 20 бодови и да застане на второто место на пиедесталот, пред неговиот клубски колега Силвијан Гинтоли.
Гинтоли стартуваше од првата позиција и имаше предност во голем дел од трката, но Лаверти му ја одзема победата на 6 круга до крајот, за во последниот круг и Марко Меландри да го помине и на крајот да се задоволи само со третата позиција.
Четвртото место му припадна на Давиде Џулијано кој прикажа одлично возење за тимот на Дукати, а она што не успеавме да го видиме е добро возење на актуелниот шампион Том Сајкс кој финишираше на седмото место. Кавасаки дојде до бодови и благодарение на петтото место на Лорис Баз, а нив двајца ги раздвои Џонатан Реа на шестата позиција.
Без пласман на првата трка завршија и Тони Елиас, Леон Хаслам, Алекс Ловс и Андреоци.
Резултати од првата трка
Поз | Бр. | Возач | Мотор | Најбрз круг | Разлика |
---|---|---|---|---|---|
1 | 58 | E. LAVERTY | Suzuki GSX-R1000 | 1'30.969 | |
2 | 33 | M. MELANDRI | Aprilia RSV4 Factory | 1'30.968 | 2.959 |
3 | 50 | S. GUINTOLI | Aprilia RSV4 Factory | 1'31.091 | 3.034 |
4 | 34 | D. GIUGLIANO | Ducati 1199 Panigale R | 1'30.990 | 6.972 |
5 | 76 | L. BAZ | Kawasaki ZX-10R | 1'31.191 | 11.132 |
6 | 65 | J. REA | Honda CBR1000RR | 1'31.269 | 11.718 |
7 | 1 | T. SYKES | Kawasaki ZX-10R | 1'31.307 | 15.612 |
8 | 7 | C. DAVIES | Ducati 1199 Panigale R | 1'30.949 | 25.724 |
9 | 44 | D. SALOM | Kawasaki ZX-10R EVO | 1'32.807 | 37.407 |
10 | 59 | N. CANEPA | Ducati 1199 Panigale R EVO | 1'32.251 | 37.468 |
11 | 14 | G. ALLERTON | BMW S1000 RR EVO | 1'32.892 | 39.271 |
12 | 9 | F. FORET | Kawasaki ZX-10R EVO | 1'32.980 | 45.212 |
13 | 71 | C. CORTI | MV Agusta F4 RR | 1'33.154 | 50.249 |
14 | 11 | J. GUARNONI | Kawasaki ZX-10R EVO | 1'33.695 | 1'17.134 |
15 | 32 | S. MORAIS | Kawasaki ZX-10R EVO | 1'33.486 | 1'23.686 |
16 | 10 | I. TOTH | BMW S1000 RR | 1'34.664 | 1'30.651 |
17 | 20 | A. YATES | EBR 1190 RX | 1'35.830 | 1 круг |
RET | 21 | A. ANDREOZZI | Kawasaki ZX-10R EVO | 1'33.723 | 8 круга |
RET | 91 | L. HASLAM | Honda CBR1000RR | 1'31.566 | 18 круга |
RET | 22 | A. LOWES | Suzuki GSX-R1000 | 1'31.082 | 19 круга |
RET | 24 | T. ELIAS | Aprilia RSV4 Factory | 1'32.032 | 19 круга |