Џонатан  Реа се најде на врвот на последниот сезонски тест кој се оддржа во Херез.

Џонатана Реа се најде на врвот на последниот сезонски тест кој се оддржа во Херез. Голем дел од тимовите учествуваа на тестот и ги испробаа новите делови во пресрет на сезоната 2017.

На возачот на Kawasaki ќе му требаат само два бода на последната трка во Катар за да ја освои титулата за сезоната 2016. Тој имаше уште еден одличен настап со ZX-10R и се најде на врвот на табелата со време од 1м 40.815с и беше за 1.620 секунди побрз од најдоброто време кое го постигна Том Сајкс за време на трката.

PA2049194.0008

Kawasaki се концентрираше на подготовките за сезоната 2017, односно на новата поврзаност на гаста, бидејќи досегашната, според правила на WSBK серијата за новата сезона, е забранета.

И тимовите на Honda и MV Agusta ќе бидат погодени од оваа промена. Тимот на Aruba.it Racing Ducati ги испроба новите делови за сезоната 2017, меѓу кој е и новата суспензија.

Тимот на Pata Yamaha продолжува со својот развој, а Althea BMW ја испроба новата вилушка и новата оска.

Pedericini Kawasaki Racing му овозможи на Илија Михалчук тест на Superstock 1000 машината. Toth Yamaha исто така беше дел од тестот. Тие ги испробаа новите спецификации на моторот.

Михалчук, Ал Сулати и Давиде Џулиано паднаа на првиот свиок, а двоецот на Althea BMW, Жорди Торес и Маркус Рајтербергер, исто така паднаа за време на тестот. Пред самиот крај, поради технички проблеми, мораше да застане и Том Сајкс.

Back To Top