По возбудливиот почеток на сезоната на патеката Филип Ајленд во Австралија минатиот месец, се е подготвено за втората рунда која за прв пат ќе се вози на патеката Чанг во Тајланд.

perspective 03 resize

По возбудливиот почеток на сезоната на патеката Филип Ајленд во Австралија минатиот месец, се е подготвено за втората рунда која за прв пат ќе се вози на патеката Чанг во Тајланд.

Патеката Чанг е 48 патека по ред (петта нова патека во изминатите пет години) која се појавува во шампионатот, има должина од 4.554км, се простира на рамен терен и има вкупно 12 свиоци од кои 5 се леви, а 7 се десни.

По првата рунда во сезоната двајца возачи се на делба на првата позиција, Леон Хаслам на Априлија и Џонатан Реа на Кавасаки. Третата позиција во генералниот пласман е резервирана за Чаз Дејвис на Дукати, додека пак Том Сајкс е на четвртата позиција пред актуелниот Светски шампион Силван Гинтоли.

Во Тајланд повторно ќе имаме прилика да уживаме во возењето на трикратниот Светски шампион Трој Бејлис (46) кој ќе настапи како замена за повредениот Давиде Џулијано.

Пренос од првата трка ќе има во 9 часот изутрина во сабота (21.03) на ЕуроСпорт 2 каналот, а пренос од втората трка ќе има на ЕуроСпорт каналот во недела (22.03) со почеток од 7 часот изутрина. Суперспорт трката ќе започне во 08.30 на ЕуроСпорт 2 каналот.

Back To Top