Џонатан Реа стави крај на доминантната серија која Том Сајкс ја имаше на Донингтон Парк. Откако падна на првата, тој успеа да оствари победа на втората трка.

Џонатан Реа стави крај на доминантната серија која Том Сајкс ја имаше на Донингтон Парк. Откако падна на првата, тој успеа да оствари победа на втората трка. И покрај тоа што стартуваше од десетата позиција, Реа после првиот круг се најде меѓу првите три возачи, а после вториот, тој веќе беше на лидерската позиција.

ReaWins

Леон Хаслам и Михаел ван дер Марк исто така добро стартуваа на трката. Сепак крајот на трката за Хаслам не беше така добар како во саботата бидејќи излета од патеката по контактот што го имаше со Меркадо.

Возачот на Aruba Ducati, Чез Дејвис, исто така беше дел од тој инцидент, а откако се врати на патеката се најде на петнаесетото место.

И покрај темпото на Сајкс, Реа секогаш успеваше да најде одговор и да ја оддржи разликата меѓу нив која изнесуваше 1.6 секунди.  Во последните неколку кругови Дејвис успеа да го претекне ван дер Марк и се најде на подиумот.  Возачот кој во саботата успеа да се искачи на подиумот, Ловс, овојпат заврши на петото место, а веднаш зад него беше Леон Камиер.

Чави Форес беше седми и на крајот заврши пред Роман Рамос и Џејк Диксон. Рафаеле де Роса ја комплетираше листата на првите десет возачи.  

race2result

Back To Top