Том Сајкс беше импресиониран од времето кое го постигна на тестот во Херез

По историската двојна победа на Донингтон Парк, Том Сајкс изјави дека е пријатно изненаден од времето кое го постигна на тестот кој се оддржа во Херез.

Возачот на Kawasaki ги постигна седмата и осмата победа по ред на Донингтон Парк и постави нов рекорд на патеката во Супербајк категоријата. Во ист стил продолжи да вози и на дво - дневниот тест во Херез на кој настапи заедно со тимскиот колега, Џонатан Реа.

Сајкс беше задоволен од напредокот кај мотоциклот. И покрај тоа што не се обидуваше да постигне најдобро време, тој беше изненаден од брзината која успеа да ја постигне.

sykes herez test2

„Имавме добар тест и извозевме многу кругови. Задоволен и сум со брзината што ја постигнав со оглед на тоа дека температурата на патеката на моменти беше и 63C. Добро беше што тестиравме бидејќи испробавме неколку работи и сега сме подготвени за трката во Мисано,“ изјави Сајкс.

„Времето кое го постигнавме за еден круг беше брзо, но тоа не беше нашата цел. Но во секој случај, изненаден сум од времето кое го постигнавме. Проверивме како функционираат многу работи кај шасијата, суспензијата и кај електрониката. Вчера извозев околу 80 круга, а исто толку и денес. Сега можам да се опуштам и да размислам за работите кои ги постигнавме.“

Kawasaki сега ќе ги разгледа податоците од дво - дневното тестирање во Херез пред да продолжи со подготовките за трката во Мизано која ќе се оддржи од 17ти до 19ти јуни.

Back To Top