Актуелниот Светски шампион во Супербајк шампионатот Том Сајкс потпиша нов договор со фабричкиот тим на Кавасаки со кој се обврзува на верност до 2016-та година.

Актуелниот Светски шампион во Супербајк шампионатот Том Сајкс потпиша нов договор со фабричкиот тим на Кавасаки со кој се обврзува на верност до 2016-та година.

wsbk-istanbul-2013-22

Сајкс е заедно со зелениот тим од 2010 година, сите 22 победи во Супербајк шампионатот како и 23 Суперпол позиции ги има освоено со неговата Kawasaki Ninja ZX-10R.

Сајкс ќе остане запаметен и по шампионаската титула која минатата сезона му ја донесе на Кавасаки по пауза од 30 години. Во моментот тој е на одличен пат да ја одбрани титулата, на летната пауза замина како водечки во шампионатот со предност од 44 бодови.

За Сајкс, одлуката да остане со победничкиот тим била лесна:

Многу сум возбуден што го продолжив договорот со Кавасаки и одлуката за мене беше навистина лесна. Се радувам на следните две години со одличниот производител на мотоцикли со кој имаме одлична историја. Ова е моја петта година како возач на Кавасаки, а четврта со сегашниот модел Ninja ZX-10R, па така за мене беше навистина природно да продолжам со истиот тим. Вложив навистина многу труд во моторот, за туку така да му го дадам на некој другТом Сајкс

Тој во изјавата се осврна и на тоа колку е важно да продолжи во тим во кој атмосферата е на високо ниво:

„Среќен сум што со Кавасаки тимот имаме взаемна доверба и почит. Тимот прави навистина одлична работа па се радувам на следните две години. Се чувствувам по релаксирано сега кога знам дека ќе продолжам со одличен тим и со бренд кој веќе е докажан. Горд сум на тоа што бев инволвиран во развојот на новата Нинџа, па ќе повторам дека сум многу среќен што останувам во тимот.“

Супербајк шампионатот го чекаат нови правила од следната сезона кои сигурно ќе бидат предизвик за Кавасаки, исто како и за останатите тимови, но Сајкс и Кавасаки се уверени дека без проблем ќе ги совладаат новите норми.

Добро е што Кавасаки и Том (Сајкс) потпишаа договор за 2015 и 2016 година, тоа ќе биде одличен почеток на подготовките за новите правила. Том одлично го познава моторот и тимот и гарантирам дека тој сеуште не го покажал својот целосен потенцијал. Ова е одлична шанса да продолжиме онаму каде што сме во моментот, се надевам дека ќе го подобриме целиот пакет и ќе бидеме уште посилни идната сезонаизјави Гуим Рода, менаџерот на тимот
Back To Top