Основан е 1989 г. во Москва и со своите 18г. постоење и преку 30 чаптери, достоинствено стои на своите основни начела во креирањето на нашиот свет.

Night Wolves MG себе се препознава во ликот на Волкот, неговите особини, начин на живот, издржливост во борбата за опстанок и посветеноста кон глутницата!

Со Night Wolves MG се појавува братство, група луѓе на кои им е најважна таа љубов кон моторите, совеста, чист и слободен дух, невообичаен за денешниот свет. Поштувајки ги традициите и каноните на светската мото култура, а своите темели поставени на Славјанската и Православна традиција, Night Wolves се појавија во бајкерскиот свет со ново, совршено БРАТСТВО.

Нашата желба и времето посветено во дружење со многу мото клубови, индивидуалци и луге од сите сфери, е мотив плус секогаш да бидеме достапни за отворени и искрени дијалози. Night Wolves MG Macedonia е основан на 25 Март 2006г. Преку нашите активности и манифестации се трудиме барем малку да помогнеме во будењето на свеста за тоа – кои сме, што сме и какви треба да бидеме! Би било крајно себично кога би мислеле
само на себе.

На локално ниво наша најголема сатисфакција е масовната подршка и посетеност на сите наши манифестации организирани во Македонија: Интернационална Тату Конвенција , секој 01.01 отворање на новата сезона и главниот настан три години по ред е Интернационален Bike Festival (еден од поголемит на балканот). Под нашето мото: НЕ за дрога , насилство, оружје и хомосексулаци”, оваа година посетеноста достигна бројка од околу 700 бајкери и 6000 посетители во двата дена, домашни и од странство. Промоција на современата мото култура, презентација и наградување на уникатните мото креации, опуштена атмосфера, звукот на rock&roll музиката од 14 бендови, беше прав празник за бајкерите и останатие посетители. Кулминација на настанот беше доделувањето на нов чопер од 150цм3, нормално за оние кои дојдоа без мотор!

Се ова не би било вака да немавме безрезервна подршка од нашите семејства, пријатели, медиуми, градските институции и верните фанови. Огрмна подршка доаѓа од илјадниците суппортери на филозофијата  и делото на Ноќни Волци.

International Bike Festival бр.4 е закажан за Јуни 2008 во Скопје. Кулминација на овој фестивал ќе биде настапот на светската рок легенда …..!!!!

www.nightwolves.com.mk

Текст автор:
Night Wolves MG

{youtube}IjekrNMA7ME{/youtube}

Back To Top