Занимливости

Акрапович: Појак звук на моторот со притискање на копче

Словенскиот производител на издуви „Akrapovic“ ја претстави новата технолошка иновација преку која со едноставно притискање на копче ќе можете да одберете дали вашиот мотоцикл ќе звучи стандардно или ќе „грмите“ по улиците.

Следете нè на:

 

telecommande volume echappement akrapovic hdОдберете помеѓу тивок и гласен мотор со едноставно притискање на копче

Словенскиот производител на издуви „Akrapovic“ ја претстави новата технолошка иновација преку која со едноставно притискање на копче ќе можете да одберете дали вашиот мотоцикл ќе звучи стандардно или ќе „грмите“ по улиците.

Благодарение на безжичната технологија, „Akrapovič Sound Kit“ станува достапен и за мотоциклите. Технологијата работи така што со едноставно притискање на копче на вашиот привезок за клучот, или пак преку апликација за смартфон ќе можете да го регулирате звукот на моторот. Вентилите кои се поставени пред издувот се креваат или спуштаат во зависност од тоа дали возачот сака тивок мотор или пак звук кој е карактеристичен за Акрапович издувите.

Промената на звукот е моментална, може да се прави во возење или во стоење и системот не му штети на агрегатот. Инженерите од Акрапович се погрижија и за деталите на системотм, па така самото далечинско е изработено од материјали кои се отпорни на гребење, влажност, вода, температура и прашина. Далечинското користи „Bluetooth low energy (4.0)“ технологија која ја одржува батеријата долг период во живот, а поврзувањето со системот на моторот е преку едноставно притискање на копче.

Љубителите на автомобилите веќе ги добија првите примероци од новите издуви, ние мотоциклистите ќе треба да се стрпиме до мај за кога е најавен првиот издув за Харли Дејвидсон, а потоа ќе следуваат и издувите за сите останати брендови на мотори. 

Увозник на издувите Акрапович за Македонија е компанијата Динамикс.

comments

Би можело да ве интересира

Марк Маркез и Дани Педроса тајно тестираа нова карбонска задна вилушка на нивната RC213V машина на пред сезонските тестови.

Suzuki поднесе неколку патенти за полу автоматска трансмисија која би можела да се најде во следната генерација на Hayabusa моделите.

„Во однос на безбедноста, Cornering ABS на предното тркало го прави она што контролата на тракцијата го прави на задното тркало.“

Џејмс од MCN помина 7000 километри на Metzeler Roadtec 01 пневматиците и еве што имаше да каже за нив.

Бројот на медиуми посветени на мотоциклите постојано се менува, а таквите промени влијаеа врз една доста популарна интернет страница: Motocycle.com.

Индијците претставија концепт на хибриден крузер кој се надеваме дека ќе го видиме во продукциска фаза.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!