Занимливости

Американец преживеал осум дена заробен под својот мотоцикл

И покрај тоа што живееме во модерно време, фантастичните приказни не се дел од минатото. Еве една таква која ни доаѓа од Џорџија, САД.

Следете нè на:

 

63 годишниот мотоциклист Роланд Хауард Гоф го возел мотоциклот Honda VTX1300 2003 во близина на својот дом кога доживеал судир. И покрај тоа што судирот не бил посебно опасен, она што следувало потоа е како сценарио за филм.

motor zaroben 8dena

После судирот, Гоф останал заробен под својот мотоцикл. Поради тежината на моторот (339 кг), тој не успеал да се извлече од под него.

Не е познато дали Гоф со себе имал мобилен телефон или дали не бил во можност да се јави и да побара помош, но останува фактот дека тој останал заглавен под својот мотоцикл осум дена.

Во текот на тие денови, тој пиел дождовница и јадел „се што успевал да дофати во близина“ - како што стои во полицискиот записник.

Еден негов пријател, Вилијам Шулц, забележал дека Гоф е недостапен неколку дена и тргнал да го бара. Откако го пронашол, тој веднаш повикал полиција која го однела дехидрираниот возач во најблиската болница.

Од болницата изјавија дека Гоф се наоѓа во стабилна состојба но бил многу дехидриран и имал рани кои биле неколку дена стари. Десната нога му била многу лошо повредена но докторите сепак соопштија дека постои голема можност да не треба да ја ампутираат.

Среќа што господинот Гоф има такви добри пријатели. Исто така поука од оваа приказна е секогаш во близина да имате мобилен телефон кој што ќе можете да го употребите во случај на несреќа. А токму ова е и главната причина зошто некои производители, како што е BMW, развиваат автоматски систем за итни повици...

comments

Би можело да ве интересира

Клубот за екстремни спортови „Skyriders“ од Прилеп викендов по 5-ти пат ќе ја организира меѓународната трка насловена како „Storm Riders 2017“ на мото крос арената во Лагово.

Вицешампионот за сезоната 2017 во MotoGP шампионатот, Андреа Довициозо, вели дека мора да ги согледа позитивните работи како од трката која се возеше во неделата така и од неверојатно успешната сезона за него и за Ducati.

Иако е навистина невообичаен мотоцикл, сепак Moto Guzzi Stelvio има свои следбеници. Кога исчезна од линијата на Moto Guzzi, тој им недостасуваше на многумина.

Ако мислевте дека Honda CB1000R 2018 е добар мотоцикл, тогаш имаме интересна вест за вас. Honda Motor Europe на EICMA мото шоуто во Милано дебитираше со два мотоцикли: Honda CB125R и Honda CB300R.

Без никакво сомневање, Ducati Panigale V4 супербајк е најинтересниот мотоцикл објавен оваа година. Ова не е само наше мислење бидејќи тој беше официјално прогласен за крал на EICMA шоуто.

Honda ја прошири својата Africa Twin линија со уште еден модел. 2018 CRF1000L2 Adventure Sports беше претставен за време на EICMA мото шоуто, а заедно со него беше претставена и една посилна верзија на моделот.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!