Мото индустријата веќе неколку години користи напредни 3D принтери за да креира прототип делови. Ова воопшто не е некоја нова технологија со оглед на тоа дека неколку компании кои се занимаваат со развој на вселенски летала ја користат уште од осумдесетите години на минатиот век.

Само една недела откако BMW ја претстави задната вилушка изработена од јаглеродни влакна, компанијата ја претстави алуминиумската шасија и задна вилушка за моделот S1000RR која е направена со помош на 3D принтер. Од  BMW велат дека шасијата е резултат на дигитализираното производство кое овозможува лесно креирање на високо комплексни делови. Исто така ова на компанијата и дава можност да креира нови компоненти, а новиот развоен центар ќе може да продуцира повеќе од 140 000 прототипи годишно.

bmw frame print1

Мото индустријата веќе неколку години користи напредни 3D принтери за да креира прототип делови. Ова воопшто не е некоја нова технологија со оглед на тоа дека неколку компании кои се занимаваат со развој на вселенски летала ја користат уште од осумдесетите години на минатиот век.

Всушност, компаниите кои се занимаваат со производство на мотоцикли многу доцна почнаа да ја применуваат оваа технологија. Досега ваквите модели не можеа да се видат на улиците но самиот факт дека  BMW веќе изработи рамка и задна вилушка покажува дека работите се менуваат.

BMW не сакаше да открие нешто повеќе за самиот процес на производство но се чини дека деловите се креирани со помош на ласер кој сите метални делови ги спојува во еден објект. Компанијата веќе ја користи оваа технологија кај автомобилите со цел да произведе делови кои доколку би биле креирани на традиционалниот начин би биле премногу скапи.

Back To Top