Минатиот пат кога пишувавме за „Rain Pal“ тоа беше само еден проект на кој му требаа финансии. Ако мислевте дека нема да успее и несакавте залудно да си ги потрошите парите сега ќе можете да си купите една ваква кацига бидејќи компанијата започна со сериско производство.

brisac za kaciga

За оние од вас кои за прв пат се среќаваат со вакво нешто сигурно не ви е јасно што е тоа. Но одговорот е едноставен. „Rain Pal“ всушност е бришач за сите кациги кои имаат визир.

Сигурно се прашувате како се закачува за кацигата? „Rain Pal“ има лента која се лепи за горниот дел од визирот. Но, не грижете се бидејќи можете да го извадите бришачот кога и да посакате. Тој се напојува со помош на батерија која има јачина од 5000 mAh, а уредот можете да го контролирате со помош на копче кое се наоѓа на самата направа или на рачките на мотоциклот.

brisac za kaciga2

Бришачите лесно може да се сменат, а исто така можете да го контролирате притисокот кој го прават врз визирот.Од компанијата тврдат дека тие во никој случај нема да го оштетат стаклото.

„Rain Pal“ ќе остане цврсто приклучен на вашата кацига дури иако возите со брзина од 160 километри на час, но во тој случај, дождот ќе ви биде најмалиот проблем. Системот функционира перфектно при помала брзина и помага кога возите низ град.

Уредот може да се нарача преку интернет, а неговата цена изнесува околу 40 евра. 

Back To Top