Занимливости

Чудниот, прекрасен свет на минијатурните мотоцикли

Кус преглед на феноменот на „poket“ мотоциклите и што е она што ги прави толку забавни.

Следете нè на:

 

Денеска ќе зборуваме за џебните мотоцикли. Тоа се мини мотоцикли кои имаат мали тркала, мала рамка и мотор со зафатнина од 125cc или помалку. Опремени се со дво или четири тактни мотори, автоматски менувач, а понекогаш имаат и целосна суспензија.

PocketBikeFeature 770x433

Зошто да купите џебен мотоцикл? Искрено, има многу причини. Нивна главна предност е цената. Тие се навистина евтини. 50cc, дво-тактен Cagllari можете да најдете по цена од 200 евра додека пак Honda Grom за 3600 евра.  Голем дел од овие мотоцикли се за оф роуд возење па внимавајте на тоа доколку се одлучите да купите ваков мотоцикл. Полицијата воопшто нема да биде добра со вас доколку ве забележи како возите по улица со еден ваков мотоцикл.

За оние кои сакаат нешто повеќе, има голем број на опции. Најголем дел од овие мотоцикли имаат максимална брзина од 50 километри на час. Иако за некои тоа можеби е премногу бавно, има голем број на додатоци со кои можете да двојно да ја зголемите брзината. Следни на ред се сопирачките и суспензијата. Овие мотоцикли се лесни и евтини за оддржување и се одлични за оние кои се заинтересирани за механиката.

GBMoto 770x433

Колку ќе платите толку ќе добиете. Моделите како што е Grom се најдобра опција доколку сакате подолго време да издржат, полесно да најдете резервни делови како и сервис. Вреди да се напомене и дека многу веројатно, вашиот локален механичар нема да работи со џебни мотоцикли. Поголем дел од нив се направени во Кинеските фабрики и само им се сменети имињата за да одговараат на локалниот пазар. Ова значи дека можеби лесно ќе го поправите проблемот со клиповите но доколку треба да го замените резервоарот тогаш имате голем проблем.

На што треба да обрнеме внимание кога зборуваме за овие мотоцикли и додатоците кои доаѓаат со нив?  На пример, моделот GP-RS-R се продава по цена помеѓу 250 и 350 евра. Тој има спортски дизајн, добар амортизер но за жал нема светло. Линијата X7 нуди машини како што се 110cc chopper или 125cc café race и доаѓа заедно со светла, свирка и речиси се друго што ви е потребно за возење на улица. Доколку пак сакате поголема брзина, таквите мотоцикли доаѓаат со 110 или 125cc клонови на мотор на Honda.  Овие мотоцикли се повеќе наменети за оф роуд возење.

Џебните мотоцикли се одлична забава. Соберете се неколку луѓе, поставете знаци на патот и трката може да почне. Minipocketrockets.com е одлична страница доколку сакате да дознаете повеќе за ваквите мотоцикли или пак да направите споредба помеѓу неколку модели. Јас сум висок 1.72 но секогаш ми е забавно кога ќе се качам на ваков мотоцикл.

venom 770x433

Би можело да ве интересира

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.