DSC 0428Секако дека моторите изгледаат фраерски, но тоа што го привлекува најголемото внимание е всушност страотната количина на моќ скриена во нив! Несекојдневен ваков пример е единствениот и многу редок модел на мотор конструиран од Ферари.

Веднаш ќе се запрашате, како настанала оваа приказна?  Всушност, од чиста великодушност на Пиеро Ферари! Во писмо кое го испратил Дејвид Кеј, од Дејвид Кеј инжинеринг, до господин Ферари јуниор , во кое тој го запознал со идеата да конструира уникатен моторцикал со брендот на Ферари, како посвета на неговиот покоен татко. По читањето на, без сомнение, трогателното писмото, Пиеро Ферари се потпишал на проектот за конструирање на првото милениче на две тркала под дизајнерската палка на Дејвид Кеј.

DSC 0428{gallery}ferrari-motor{/gallery}

Четири години и 3.000 работни часа подоцна, беше родено новото ферари на две тркала! Целата конструкција била изработена од алуминиум и моделиран на начин како што Дејвид Кеј мислел дека еден Ферари мотоцикл треба да изгледа. Иако Моторот не ја доживеал својата ренесанса, поради тоа што бил сметан повеќе како колекционерско парче и статусен симбол отколку како мотор за патување и секојдневна употреба, тој произведувал 105 коњски сили и максимална крајна брзина од околу 264 километри на час.

И каде е овој еден и единствен сега?! По неколку неуспешни продажби  со цена од над 250.000 фунти, моторот конечно беше продаден на аукција за 109.000 евра на некој среќен Британец!

Back To Top