Занимливости

Harley-Davidson Bucherer Blue - мотоцикл од 1,8 милиони долари

Веќе сме навикнати да гледаме рачно изработени мотоцикли, особено оние за чија основа е искористен мотоцикл на Harley-Davidson. Но не сме навикнати да гледаме мотоцикл кој е направен на тој начин за да чини 1.8 милиони долари.

Следете нè на:

 

Да бидеме искрени, самиот мотоцикл не чини толку многу, туку тоа е поради дијамантите кои го украсуваат. Користејќи Softail Slim S како основа, Швајцарскиот производител на мотоцикли Bündnerbike склучи договор со брендот Bucherer со цел да креира нешто што двете компании го нарекоа Harley-Davidson Bucherer Blue.

harley davidson bucherer blue edition is the most expensive bike ever 1

За создавање на мотоциклот им беа потребни 2500 часови или нешто повеќе од три месеци. Поголем дел од времето беше потрошено во обид да се наместат сите 360 дијаманти кои ги има овој мотоцикл.

Но тоа не е единственото нешто кое го има овој мотоцикл. Дури и навртките кои ги држат сите работи заедно се позлатени. Доколку поблиску го погледнете мотоциклот, ќе забележите дека резервоарот за гориво има интегрирано два сефа.

harley davidson bucherer blue edition is the most expensive bike ever 2

Неговата цена изнесува 1.8 милиони швајцарски франци, приближно исто толку и во долари, што го прави еден од најскапите мотоцикли кој некогаш бил произведен.

Титулата најскап мотоцикл во моментов е во сопственост на 1951 Vincent Black Lightning кој беше продаден на почетокот на годинава по цена од 929.000 долари. Но барем тој мотоцикл можете да го возите по улица, нешто што е малку веројатно за оваа верзија на Harley-Davidson.

harley davidson bucherer blue edition is the most expensive bike ever 3

Засега сѐ уште не се знае што двете компании планираат да прават со мотоциклот. Покрај тоа што треба да биде екстремно богат, потенцијалниот сопственик треба да се надева и дека од време на време нема да му снемува дијамани на мотоциклот.

И уште една работа. Неговата боја е сина, нешто што не е карактеристичко за ваквите мотоцикли. Но бидејќи меѓу другото негова цел е и да ја промовира линијата на часовници на Bucherer, бојата можеби е и оправдана.

harley davidson bucherer blue edition is the most expensive bike ever 4

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.