Не гледаме толку често микс на традиционален американски мотоцикл и руска автомото технологија. Всушност, тоа е толку ретко што да не беше Solifague, веројатно немаше ни да видиме такво нешто.

Една од предностите на ретро автомобилите е фактот дека во повеќето случаи тие изгледаат убаво, барем за луѓето кои сакаат таков дизајн. Тоа важи за автомобилите и од двете страни на Атлантикот, без разлика дали овие возила доаѓаат од истокот или западот. Кога зборуваме за исток и запад, мислиме на Русија, Советски, комунистички дизајн и остатокот од светот.

custom harley davidson pays tribute to the zis 110 limo 7

Да биде уште поинтересно, ZIS 110 е кабриолет и се верува дека е базиран на Американскиот Packard Super Eight.

Во секој случај, HD 110 на Solifague е навистина прекрасен. Бројката 110 од ZIS исто така се совпаѓа и со зафатнината од 110ci (кубни инчи) на моторот на Harley. HD110 им оддава почит на педесетите години од минатиот век. Црвените делови можеби ќе ве потсетат на Руската уметност но за нас тие се интересен додаток.

Ни се допаѓа како Solifague го смислиле решението за издувниот вентил. Тој се наоѓа веднаш под просторот наменет за носење на опрема кој е направен од хромирани панели и помалку изгледа како големите браници што автомобилите од тоа време ги имаа.  Единствено што треба на овој мотоцикл да се додаде се правилни пневматици.

Back To Top