Занимливости

Honda CB750 „Gravedigger“

Кога зборуваме за Honda CB, обично мислиме на постар мотор. Португалските производители на мотори, Освалдо Коутињо и Александре Сантос од „roCkS!bikes“, сакаа нешто поинакво па го искористија своето знаење за да ја преправат својата Honda CB750.

Следете нè на:

 

gravedigger-an-amazing-custom-honda-cb750-photo-gallery 5Да, навистина ова е Honda CB750.. односно била пред да ја преправат

Кога зборуваме за Honda CB, обично мислиме на постар мотор. Португалските производители на мотори, Освалдо Коутињо и Александре Сантос од „roCkS!bikes“, сакаа нешто поинакво па го искористија своето знаење за да ја преправат својата Honda CB750.

Почнувајќи од мотоцикл што го најдоа кај локалниот продавач, тие решија да извадат се од стариот CB: сите тешки делови ги отстранија и ги заменија со полесни компоненти. Бидејќи целата рамка беше пониска, задната подрамка исто така беше скратена, а моторот доби појачани амортизери и поцврсти вилушки.

gravedigger-an-amazing-custom-honda-cb750-photo-gallery 16Оригиналниот CB750 кој беше кастмизиран

Иако моторот беше во ред, Освалдо и Александре решија повторно да го направат, за да бидат сигурни дека се е како што треба. Прилагодените CNC доводи на воздух ги заменија фабричките, а филтерот за воздух беше отстранет. Карбураторите добија ново штелување, како надополнување на рачно изработениот издув.

Еден уникатен додаток го прави овој мотор различен од другите: резервоарот, седиштето и задната маска се направени од едно парче метал кое може да се крене за да се дојде до акумулаторот и електричните компоненти. Додавањето на „Motogadget Motoscop“ инструмент таблата го прави моторот да изгледа и модерен и тркачки. „Gravedigger“ беше првично наменет за продажба, номногу им се допадна на момците од „roCkS!bikes“ па решија да не го продаваат, барем не во моментов.

 

Би можело да ве интересира

Макпетрол помогна во организацијата на „1st Skopje Vespa Days“.

Голем број на договори беа продолжени во пресрет на Француската MotoGP трка, а еден од нив е и оној на Алеш Еспаргаро кој го продолжи договорот со Aprilia и ќе остане дел од тимот се до 2020 година.

Алекс Ринс ќе остане дел од тимот на Suzuki MotoGP и во следните две години.

Петтата трка од МотоГП шампионатот викендов се вози на патеката Ле Ман во Франција.

Сега откако CBR650F помина веќе одреден период на пазарот, Honda одлучи да му ги отстрани пластичните делови. Новиот модел има подолги рачки и веќе може да се најде во салонот на Макпетрол во Скопје.

После двојната победа на патеката во Имола, Џонатан Реа ги постави основите за освојување на неговата четврта последователна титула во Светскиот Супербајк шампионат.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!