Да видите мотоцикл како сам стои исправено не е нешто ново. Досега тоа се постигнуваше со помош на жироскоп но новата технологија на Honda користи само неколку мали електрични мотори и софтвер. Запознајте го новиот асистент во возењето!

Истиот тим на Honda кој работеше на проектот ASIMO и на Uni-Cub скутерот сега ја креираше само балансирачката технологија која за многу кратко време би можела да се најде во производство.

honda ces 2017 114408 1

Инжињерите на Honda пронајдоа нов начин да го држат мотоциклот исправен при мала брзина откако го модулираа аголот на вилушката. Секој пат кога мотоциклот ќе се движи со брзина помала од 7 километри на час, на пример кога излегувате од гаража или чекате на семафор, аголот на вилушката се намалува за да се подобри стабилноста. Електричниот мотор во тројната спојка исто така учествува во оддржувањето на стабилноста.

Сето ова се постигнува преку напреден софтвер кој ги контролира електичните мотори. Неверојатно е да се види како функционира овој систем. Едноставно, изгледа како да ги побива законите на физиката.

Honda не ни откри многу за оваа нова технологија но се надеваме дека таа ќе стане достапна за две години.

На постарите возачи ова може да им се чини сосема непотребно но има возачи на кои сигурно ќе им биде од голема корист. 

Back To Top