Со неминовното пристигнување на новите, подобрени ZX-10R модели, нема подобро време од сега да се потсетиме на една од највозбудливите мото династии.

Последниот ZX-10R е петтата верзија од оригиналниот мотоцикл кој за прв пат беше промовиран во 2004 година (нема да дискутираме за ZX-10 моделите од 1988 година, само за ZX-10R). Во основа, сите се брзи и возбудливи. Повеќето се меѓу најдобрите мотоцикли што некогаш биле произведени во Јапонија. Следната недела ќе имаме комплетна анализа на новиот модел, а во меѓувреме, да се потсетиме на претходните модели...

666 Kawasaki ZX10R 04 1

Зафатнина    998cc   
Моќност    175bhp @ 11,700rpm   
Тежина 170kg
Денешна вредност 5000 - 6500€

Оригиналниот  ZX-10R за прв пат беше претставен во САД и веднаш беше наречен ѕвер. Краток и полн со моќ,  вистинско оружје доколку е во прави раце но исто така може да биде и незгоден. Денес, тој е прв избор на вистинските возачи, особено доколку е добро прилагоден.

666 2006 Kawasaki ZX 10Ra

Зафатнина  998cc
Моќност     175bhp @ 11,700rpm   
Тежина 174kg
Денешна вредност 5500 - 7500€

Промената на изгледот има за цел да ги поправи грешките кај речиси сите нови машини. Различни вбризгувачи, 4:2 издувен вентил (на местото на титаниумскиот 4:1) со засилени придушувачи на звук и поблага испорака, променет рам и дистрибуција на тежина. Некои луѓе сметаа дека Kawasaki претерал. Најмалку посакуван од сите ZX-10R модели.

666 Kawasaki ZX10R 08

Зафатнина  998cc
Моќност     188bhp @ 12,500rpm (200 со „ram air“)   
Тежина 179kg
Денешна вредност 6000 - 10.000€

Kawasaki се врати на вистинскиот пат со нова верзија која полесно се управува и која е полесна за возење благодарение на поголемото меѓуоскино растојание. Исто така има и црна вилушка и Ohlins амортизери.

666 2011 kawasaki ninja zx 10r 11

Зафатнина 998cc
Моќност    199.8bhp @ 13,000rpm    
Тежина 198kg
Денешна вредност 9000 - 16.000€

Откако го направија ZX-10R најдобриот супербајк мотоцикл, во 2011 година Kawasaki го направи овој мотоцикл да биде и најдобар тркачки мотоцикл кој излегол од Јапонија. Ревидирано пренесување и поголема компресирана енергија се само дел од работите. Нова двојна задна рамка, софистицирана електроника и за прв пат KTRC контрола на тракцијата и модели на моќност.

Back To Top