Новата година само што започна, а возбудата околу CES 2016 веќе е тука, и тоа со оправдана причина. Овој настан ја одбележува револуционерната  технологија. 

CES 2016 привлекува иноватори и ентузијасти од целиот свет, а оваа година ќе се оддржи од 6ти до 9ти јануари во Лас Вегас. Секако дека ќе пишуваме за овој настан, а веќе забележавме и нешто навистина возбудливо и софистицирано: Energica Ego и Eva.

energica ego45 le foto della numero 1 consegnata in italia 13

И покрај тоа што веќе имаме видено голем број на 3Д иновации кои имаат две тркала, ова е нешто повеќе од мотоцикл. Нудејќи „електрично задоволство“, италијанската креација не само што има 3Д принтани компоненти, туку материјалите беа креирани лично од Франко Чеволини, претседателот на Energica. Ego веќе можете да го најдете преку интернационалните дилери. Компанијата има седиште во Модена, Италија, и е поддивзија на компанија CRP, која е позната како пионер во мотоспортот како и во хај-тек иновациите во изминативе 45 години. CRP е позната по создавањето на Windform напредните материјали добиени со помош на ласер и кои беа искористени во принтањето на овој мотоцикл. Од иновативните материјали па се до електричниот дел, Ego ја крена границата.

Италијанскиот дизајн е баланс меѓу иновацијата и традицијата. Италијанските мотоцикли имаат агресивна линија за да ја нагласат својата моќ и брзина, Ego има прекрасен изглед кој исто така е и динамичен. Инспирацијата за овој мотоцикл е електричната енергија. Иновативен, динамичен, интригантен, но сепак моќен. Оваа моќна машина е полна со живот, а дополнителен факт е и тоа што може да биде тивок. Од 0 до 100 километри може да постигне за само 3 секунди. стои во соопштението на тимот

Според Energica, Ego е уличен мотоцикл а не тркачки.  Тој може да се полни на места кои се обележани за таа намена како и во домот на сопственикот. Исто така може да се следи прогресот на полнење преку новата апликација MYEnergica. Во моментов, низ Европа и Америка има повеќе од 28,000 локации на кои тој може да се наполни.

Според некои наречен „Тесла мотоцикл“, Energica може да се прилагоди пред да се купи. Тој може да постигне 240 км/ч, а батеријата може да се наполни до 80% за само 30 минути. Исто така има и систем за ладење специјално дизајниран за батеријата. „ За разлика од другите мотоцикли, кај Ego батеријата, полначот и ABS се постојано следени од VCU (vehicle control unit) кој е комплетно дизајниран и развиен од Energica.“

Untitled88

И покрај тоа што има 3Д принтани делови, овој мотоцикл има голема моќ. За овој мотоцикл се вели дека му дава ново значење на зборот возење. Секако, во тоа му помага и најновата технологија која е достапна.

Ego ќе биде достапен во две бои, „Matte Pearl“ бела и мат црна. Се очекува да чини помеѓу 22 000 и 25 000 евра и ќе биде презентиран за време на CRP USA Booth кој ќе се оддржи во Јануари 2016 година.  Исто така ќе биде презентирана и новата IOS  и Android апликација која ќе им овозможи на корисниците да ги следат перформансите на мотоциклот преку нивниот телефон. Апликацијата исто така ќе ви помогне и при барањето на најблиската станица каде што ќе можете да ја наполните батеријата. 

Back To Top