Навигацијата наменета за мотоцикли веќе се тестира на некои пазари

Google Maps за кусо време стана партнер за многумина кои сакаат да стигнат од една до друга дестинација. Се досега, оваа апликација обезбедуваше ефикасна и прецизна навигација за пешаците и за возачите. Мотоциклистите за жал не спаѓаа во оваа група. Но сега, дигиталниот гигант одлучи дека и мотоциклистите заслужуваат сопствен систем.

mapsbike 770x433

Од сега на Google Maps ќе имате и опција за мотоцикли, но само доколку се наоѓате некаде во Источна Азија. Google одлучи да ја објави оваа опција на најбрзо растечкиот пазар на мотоцикли. Мапата првично беше достапна за Индија но потоа се прошири и сега ги опфаќа Индонезија, Малезија, Хонг Конг, Тајван, Тајланд, Виетнам и Филипини.

Програмата ќе го земе во предвид фактот дека патувањето со мотоцикл е побавно во споредба со автомобил и поради тоа времето потребно за патување ќе биде соодвено прилагодено. Исто така ќе бидат покажани патиштата на кои е забрането движење за автомобили како и патишта на кои не е препорачано да се движите со вашиот мотоцикл.

Со оглед на тоа дека следењето на рутата понекогаш може да биде навистина проблематично, програмата поголем дел од инструкциите ќе ги базира на обележја низ градовите со цел полесна навигација.

Од компанијата се уште не соопштиле дали апликацијата ќе може да се користи насекаде низ светот. Сепак, можеме да очекуваме да има нешто слично и во Европа со оглед на тоа дека главниот конкурент на Google Maps, Waze веќе најавија дека нивната апликација ќе може да се користи глобално.

Back To Top