Еден од главните проблеми кај стандардните направи за заклучување е дека или објектот за кој го заклучувате мотоциклот не е доволно цврст или пак ланецот или катанецот не се доволно силни.

Ова е Motodock, интересна направа која ќе ги спречи кражбите. Таа доаѓа од Шпанија и лесно може да се употребува во речиси сите услови. Motodock е направа која го обезбедува вашето предно тркало.

Направата може и да се надополни со „сидро“ и на тој начин да се спречи секој обид за кражба.

Еден од главните проблеми кај стандардните направи за заклучување е дека или објектот за кој го заклучувате мотоциклот не е доволно цврст или пак ланецот или катанецот не се доволно силни.

motodock is a cool parking and anti theft device 12

Крадците често употребуваат клешти за сечење ланци или пак специјален алат за да го отклучат катанецот. Но, кај Motodock не треба да се отклучат само еден туку три безбедносни уреди.

Исто така, со оваа направа ќе можете и да ги заврзете задното тркало и рамката или задната вилушка за дополнителна безбедност.

„Сидрото“ лесно се мести. Возачите едноставно го ставаат предното тркало во справата која потоа се затвора. Таа може и да се подеси во зависност од димензиите на тркалото.

Штом ќе се намести тркалото, тоа се зацврстува со посебна навртка која поминува низ специјално направени дупки и низ бандашот на тркалото. Навртката има посебен механизам со кој се заклучува. Паметниот дизајн на оваа направа не дозволува таа да се отвори со клешти.

„Сидрото“ може да се набави по цена од 85 евра, а самото лежиште чини 470 евра. Целиот пакет можете да го купите по цена од 498 евра. Воопшто не е евтин, но се чини дека може да обезбеди голема заштита. Плус, Motodock е многу поефтин од вашиот мотоцикл.

Back To Top