Проблемот со превозните средства на две тркала е во тоа што тие многу често се цел на крадци дури иако се врзани со катанци. Но, сега имаме компанија која планира да претстави катанец кој пружа отпор.

Проблемот со превозните средства на две тркала е во тоа што тие многу често се цел на крадци дури иако се врзани со катанци. Но, сега имаме компанија која планира да претстави катанец кој пружа отпор.

Традиционалните катанци можат многу лесно да се скинат доколку имате правилен алат. Во последен период, храброста на крадците е значително порасната и спремни се да ви го украдат мотоциклот дури и преку ден.

heres the first bike lock that fights back 115392 1

Сепак, Даниел Идзковски има решение. Неговото име е „The Skunklock“ и тој изгледа како и секој друг катанец. Но, ако се обидете да го пресечете тој испушта една многу непријатна супстанца.

„The Skunklock“ е изработен од челик и карбон и е сличен како и останатите вакви производи на пазарот. Сепак, доколку крадецот се обиде да го пресече, катанецот испушта гас кој предизвикува повраќање во повеќето од случаите.

Дизајнерот на производот вели дека тој е безбеден и дека не постои можност тој да ја испушти хемикалијата доколку се користи правилно. Единствен начин хемикалијата да излезе од катанецот е доколку тој се пресече.

heres the first bike lock that fights back 3

Од компанијата велат дека се преземени сите мерки за да се осигура дека производот е во рамки на законот. Минатата година беа разгледани законите на неколку држави и беше донесен заклучок дека неколку држави имаат забрана за некои од хемикалиите кои ги има во катанецот.

Од компанијата велат дека ќе направат промени кај хемикалијата со цел производот да биде достапен во сите држави. Веќе е започнато производството на катанецот, а од компанијата велат дека тој ќе се најде на пазарот во јуни.

Back To Top