Занимливости

Нов производ на Kikstarter кој ви овозможува полесна комуникација со другите возила во сообраќајот

Нова кампања на Kickstarter која ни доаѓа од Франција и која има за цел да ја подобри безбедноста на возачите преку воведување на мал екран на кој ќе можат да се испишуваат пораки.

Следете нè на:

 

На Kickstarter воопшто не му се непознати чудните идеи, од Fish on Wheels па се до Пол: најсекси полнач за телефон. Во минатото веќе ви имаме прикажано неколку кампањи поврзани со мотоциклите, поголем дел од нив мораме да признаеме и дека се навистина добри. Сепак, тешко е да кажеме нешто такво за „Motochat“, нова кампања на Kickstarter која ни доаѓа од Франција и која има за цел да ја подобри безбедноста на возачите преку воведување на мал екран на кој ќе можат да се испишуваат пораки.

Screen Shot 2018 04 22 at 5.08.48 PM

Предноста на овој уред е во тоа што ќе можете да комуницирате со останатите возачи без да морате да се довикувате преку кацигата. За мене ова е нешто сосема непотребно иако креаторите на „Motochat“ велат дека уредот има голем број на работи кои ја подобруваат безбедноста. На пример, при нагло сопирање, на екранот со големи букви ќе се појави зборот “WARNING”. На хартија ова не е лоша идеја но сепак сметам дека додека возачот го прочита текстот и мозокот ја испроцесира целата работа, веќе ќе биде доцна.

Морам да признаам дека има неколку идеи од „Motochat“ кои воопшто не се лоши. Во случај на несреќа, веднаш би можела да би испратена локацијата на местото на незгодата на телефонскиот број кој претходно ќе го селектирате. Уредот ова ќе го направи со помош на жироскоп кој има три оски како и брзино метар кој ќе ја мери брзината на движење и аголот на навалување. Уредот исто така може да се поврзе со вашиот телефон и сами можете да напишете што сакате да се појави на екранот. Ова значи и дека ќе ви требаат неколку минути додека смислите што сакате да кажете и потоа да го напишете тоа. Да не заборавиме дека пораката треба да ја напишете додека носите ракавици за возење, а во исто време оддржувате контрола над вашиот мотоцикл.

20182F042FScreen Shot 2018 04 22 at 5.09.01 PM

Самата направа ја имате во неколку различнио дизајни, а „Motochat“ е исто така достапен и за автомобилите. Но се чини дека јас не сум единствениот кој се сомнева околу целиот овој проект. Досега се собрани само околу 400 долари односно еден процент од сумата која е поставена како првична цел. Но, да не заборавиме дека се појавиле и почудни идеи од оваа. Во 2014 година, извесен Зак Браун од Охајо успеа да собере 55 илјади долари, иако првично побара само 10 долари, за да направи салата од компири.

Подолу можете да го погледнете нивното промотивно видео, а доколку сакате да дознаете повеќе посетете ја нивната страна на Kickstarter.

Би можело да ве интересира

„Лошо поврзаните гумени црева би можеле да се стопат, да истече горивото и да предизвика пожар“

Менувањето на вашиот автомобил за некое вакво превозно средство ќе го намали загадувањето, а исто така и метежот во сообраќајот.

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеше четвртата рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, а младиот Христијан Бузалковски забележа уште еден одличен викенд зад себе.

Тимскиот менаџер Давиде Тардози вели дека тимот отсекогаш знаел дека новиот возач на Honda, Хорхе Лоренцо, во одреден момент ќе почне да победува

„Менувачот и издувот го прават излегувањето од свиок многу подобро. Токму тоа го баравме јас и Лоренцо“ - Данило Петручи

Израелската компанија „Ride Vision“ претстави систем кој му овозможува на вашиот мотоцикл да ве предупреди на можноста од сообраќајна несреќа.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!