Тимот од LiveMat планира да произведе кацига во која ќе има вградено навигационен систем и зголемена реалност. Замислете ги Google очилата во форма на кацига.

reality-motorcycle-helmet

Тимот од LiveMat планира да произведе кацига во која ќе има вградено навигационен систем и зголемена реалност. Замислете ги Google очилата во форма на кацига.

Со помош на високо технолошка инструмент табла, возачите можат да го користат навигациониот систем додека го возат нивниот автомобил, но за мотоциклистите сеуште нема ефикасно решение. Доколку сакате да погледнете на мапа морате да застанете покрај патот.

Тимот од LiveMat планира да произведе кацига во која ќе има вградено навигационен систем и зголемена реалност. Замислете ги Google очилата во форма на кацига.

Оваа кацига има технологија и додатоци кои во моментов им се достапни само на пилоти на воени авиони. Проектот веќе има финансиска подршка од Одделот за Наука на Москва и неколку други Руски организации, но од LiveMat се во потрага по дополнителни финансии за побрзо да завршат.

Слично како и кај кацигите што ги носат пилотите на F-35 борбените авиони, шарена, проѕирна слика ќе се проектира на визирот и ќе создаде јасен и непречен поглед. Ќе има сопствен интерфејс- нема да биде IOS или Android, едноставно за корисниците да не можат да гледаат видеа или да играат игри додека возат.

Helmet1

Кацигата исто така има и две 3000-mAh батерии, микрофон за контрола на гласот кој ги држи двете раце фокусирани на возењето и дигитален компас.  Во случај да имате проблем, командата ‘помош’ ќе ја извести полицијата.

LiveMap планираат да започнат со продажба на кацигата од август 2014 година. Доколку ја нарачате во Јуни цената ќе биде 1500$, а доколку решите да ја купите подоцна ќе чини 2000$. 

Back To Top