motori motori_redbull_freestyleRed Bull X-Fighters го одбележа своето пристигнување во градот на Босфор со неверојатни скокови пред Света Софија и Сината Џамија. Повторно во акција на турнејата се појави Мет Ребод од Швајцарија, кој долго време закрепнуваше.

motori redbull_freestyle

Истанбул (Турција)- Историскиот плоштад помеѓу светски познатите Света Софија и Сината Џамија,  беше локацијата за серија на воодушевувачки демонстрациони скокови кои ја најавуваат третата станица од Светската Турнеја наRed Bull X-Fighters, вредна 1 милион долари. Ник Френклин од Нов Зеланд и Мет Ребонд од Швајцарија дадоа се од себе да овозможат спектакуларно шоу за локалната публика.

Ребод , кој беше победник на Светската Турнеја во 2008 година и кој ги освои сите почести на пет станици од турнејата, е назад во акција откако ја пропушти ланската сезона заради повреда.

XFW TR_MADD_JM_0001

Прогнозите се дека Ребод има само надворешна шанса да влезе на подиумот во Истанбул, бидејќи оваа сезона се одвива жестока битка помеѓу тројца возачи. На врвот се наоѓа Тод Потер (САД), кој минатиот месец лесно ја освои втората станица од оваа сезона во Глен Хелен (САД), додека Доминаторот од Дубаи, Леви Шервуд (Нов Зеланд), е на второ место по отварањето на сезоната со победа во Дубаи. Минатогодишниот победник Дени Торес (Шпанија) исто така ќе се бори против овие двајца за победа во Истанбул.  

Локацијата за саботната разврска на најдобрите фристајл мотокрос возачи ќе биде плоштадот  Kazliçesme во подножјето на античката тврдина Yedikule директно на бреговите на Мраморното море.

XFW TR_FRAN_JM_0003

Промена на Локација во Турција од Yedikule Dungeons во Kazlıçeþme Square!

Уште од 2001 Red Bull X-Fighters е организиран на некои од најпознатите знаменитости низ светот, како на пример Црвениот Плоштад во Москва (Русија) и Пирамидите во Каиро (Египет). Турските власти ја повлекоа дозволата Светската Турнеја на Red Bull X-Fighters да се одржи во Yedikule Dungeons во Истанбул како што беше првично планирано.

XFW TR_FRAN_JM_0001

Почитувајќи ја нивната одлука,  Red Bull X-Fighters ќе се премести на нова локација, плоштадот Kazliçesme, на брегот на Мраморното море веднаш до античките ѕидини на занданите Yedikule во стар Истанбул.  Овојпат се гради уште поголема патека која за прв пат во Турција ќе привлече ентузијастични фанови.

XFW TR_MADD_JM_0005

"Беше предизвик да се дизајнира и повторно изгради нова патека за само неколку дена. Нашите градежници се најдобри во светот а оваа нова проширена патека ќе биде причина за голема конкуренција помеѓу елитата наFMX- спортисти. " вели Тес Севел, спортскиот директор на Red Bull X-Fighters. Атлетите ќе скокаат со нивните мотори до 30 метри во далечина и 15 метри во височина. 

RBXF Calendar 2012 OK_

Настанот во Истанбул ќе започне во Сабота во 20:30 попладне, 16 Јуни како што беше и претходно закажано. Натпреварувачите едвај го чекаат стартот на Европската турнеја со настапи во Мадрид на 20 July и Минхен на  11 Август, како и ред други. Сезоната 2012 завршува на 6 Октомври во Сиднеј, Австралија. 

Back To Top