Занимливости

Робокап 2014

Она што е интересно за нас, Робокап повторно ќе се врати во 2014 година и ќе вози одличен, црн полициски спортски мотор.

Следете нè на:

 

8450902881 45a4d8cacd oРобокап за сега е научна фантастика но мотоциклот е нешто што се надеваме дека ќе стане реалност

Она што е интересно за нас, Робокап повторно ќе се врати во 2014 година и ќе вози одличен, црн полициски спортски мотор.

Робокап, совршената мешавина на човек и машина, го претставува полицаецот киборг од иднината. Пред да стане Робокап, тој бил Алекс Марфи, полицаец од Детроит кој бил застрелан при вршење на службена дејност. Оживеан како киборг- човек, Робокап се враќа на улиците на Детроит и продолжува да се бори против криминалот. 

ФИЛМОТ

Оригиналниот Робокап филм раскажува приказна за спречување на криминалот во Детроит и за корупцијата која постои во Omnicorp.  Новиот филм ќе ја има истата приказна но ќе има нов Робокап и одлични специјални ефекти. Со нов, црн футуристички штит, Робокап повторно ќе патролира на улиците на Детроит.

8451993230 b75f7d2991 oKawasaki Z1000 е искористен како основа за моторот

МОТОРОТ

Гледајќи ги предните сопирачки и предната вилушка на фотографиите објавени за медиумите, можеме да забележиме дека овој мотор е неодамнешен Kawasaki Z1000. Прилагоден да изгледа како футуристички полициски пресретнувач, оклопот на овој мотор е редизајниран  за да му даде агресивен изглед кој ќе одговара на оклопот на Робокап. Седиштето на моторот изгледа како седиште на модерен борбен авион. Држачите за нозете се преместени на крајот на моторот.  Мора да е интересно возењето на мотор во оваа позиција. Светлата на моторот исто така се редизајнирани за да имаат полициски изглед.  Тоа е се што можеме да го видиме на фотографиите.

8448727197 cf1c0732c6 oНесвојствена позиција за возење, но делува моќно

ВОЗАЧОТ

Робокап, полицаецот на иднината е убиствена машина. Откако беше оживеан како Киборг со помош на технологијата на Omnicorp, тој стана повеќе машина отколку човек. После одреден период му се врати меморијата и тој повторно стана Алекс Марфи.

8450902959 38919311e4 oПо промоцијата на филмот има најава дека ќе биде пуштено во продажба моторџиско одело, реплика на Робокап

КАКОВ Е ВО АКЦИЈА?

За жал незнаеме каков е моторот во акција. За сега достапно е само кратко видео од снимањето на дел од филмот во Торонто, 2012.

РЕАЛНОСТ

Одличен спортски мотор кој ќе ги брка лошите момци? Тоа е сосема веројатно. Kawasaki Z1000 е одличен избор за полициски мотор. Неговиот агрегат со зафатнина од 1043cc има моќност од 136.1 коњски сили и тежината од 217 килограми. Со овој мотор лесно ќе ги престигнете и ќе ги фати лошите луѓе. Дајте му на Робокап ваков мотор и веќе никогаш нема да имате проблеми со брзо возење на улиците. Моја единствена грижа е дека Робокап може да има мали проблеми при станувањето и седнувањето бидејќи држачите за нозете се наоѓаат на крајот на моторот. Се надеваме дека има и киборг-рбет, бидејќи возењето во таа положба сигурно ќе му предизвика болки во грбот :)

8449813004 c688401ff8 oБолки во грбот? Сигурно, но всушност кој мисли на тоа...

 

comments

Би можело да ве интересира

Поради проблеми со менувачот, компанијата одлучи да повлече 4000 примероци од главниот супербајк модел.

Мото индустријата понекогаш може да биде навистина конфузна. Секој ден читаме дека продажбата се намалува но речиси секоја втора недела пишуваме дека некои од големите производители постигнал успех во продажбата на мотоцикли во 2017 година.

Марк Маркез и Дани Педроса тајно тестираа нова карбонска задна вилушка на нивната RC213V машина на пред сезонските тестови.

Suzuki поднесе неколку патенти за полу автоматска трансмисија која би можела да се најде во следната генерација на Hayabusa моделите.

„Во однос на безбедноста, Cornering ABS на предното тркало го прави она што контролата на тракцијата го прави на задното тркало.“

Џејмс од MCN помина 7000 километри на Metzeler Roadtec 01 пневматиците и еве што имаше да каже за нив.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!