Занимливости

Производителот на гуми „Sava“ ќе продолжи како „Mitas“

Словенскиот производител на гуми Сава наскоро ќе се ребрендира во Митас, Чешки бренд кој веќе ја купи Словенската фабрика.

Следете нè на:

 

1000x1000-1380101802755-mitas

Словенскиот производител на гуми Сава наскоро ќе се ребрендира во Митас, Чешки бренд кој веќе ја купи Словенската фабрика.

Во октомври 2012 чешката групација „ČGS HOLDING“, сопственик на брендот „Mitas“ ја купи Словенската компанија „Savatech“, кај нас позната по производството на гуми „Sava“.

Името „Sava“ на гумите ќе биде видливо уште кратко време, а потоа целото производство на гумите за скутери и мотори ќе продолжи под брендот „Mitas“.

 mitas

Кои се „Mitas“?

Митас е компанија која е основана во 1933 година во Прага како фирма-ќерка на Мишелин. За Мишелин во тоа време било важно да најде квалитетна, а евтина работна сила, па Чешка се покажала како идеална земја за новата подружница на гигантот која на почетокот се викала „Pneumichelin“. Во фабриката во Прага се изработувале гуми за автомобили, мотоцикли и велосипеди.

Втората Светска Војна го запрело производството на гуми, а по завршувањето на војната Мишелин ја купила и втората компанија за гуми наречена „Veritas“ во градот Храдек над Нису во Чешка. Потоа распишале конкурс за избор на име кое ќе биде соодветно за двете компании, и така од 1947 година се користи името MITAS кое доаѓа од „MIchelin“ и „veriTAS“.

 Митас во Европа важи за голем играч во сегментот на оф-роуд гуми за мотори, а благодарение на успешното работење на компанијата, купувањето на Словенската „Sava“ е одличен начин за развој на гуми за мотоцикли и скутери.

На саемот „EICMA“ во Милано минатата година Митас ја претстави првата гума развиена во сега веќе поранешната „Savatech“, наречена Mitas „Sport Force“. Во Милано освен новата гума за брзински мотори имавме прилика да видиме и неколку други новитети, како што се „MC 38 MAX SCOOT“ гумата за скутери, потоа  „E-10“ за Ендуро како и зимските гуми со шилци, „MC 32 WIN SCOOT“ и „C-22“.

Увозниците на Митас за Македонија можат да се видат на следниот линк: http://www.savatech.eu/sales-network-list/europe.html#MACEDONIA

Митас го продолжи спонзорството кое го имаше Сава и на Рок Багорош, стантерот кој сега вози KTM 690, а кој имавме прилика да го видиме во Скопје како настапува со фантастичниот Крис Фајфер.

Цените ќе ги објавиме за кратко време, новите модели на гуми ќе бидат достапни кон крајот на март, кога ќе имаме можност да направиме тест на Mitas Sport Force и да ви ги пренесеме впечатоците.

 

Би можело да ве интересира

Макпетрол помогна во организацијата на „1st Skopje Vespa Days“.

Голем број на договори беа продолжени во пресрет на Француската MotoGP трка, а еден од нив е и оној на Алеш Еспаргаро кој го продолжи договорот со Aprilia и ќе остане дел од тимот се до 2020 година.

Алекс Ринс ќе остане дел од тимот на Suzuki MotoGP и во следните две години.

Петтата трка од МотоГП шампионатот викендов се вози на патеката Ле Ман во Франција.

Сега откако CBR650F помина веќе одреден период на пазарот, Honda одлучи да му ги отстрани пластичните делови. Новиот модел има подолги рачки и веќе може да се најде во салонот на Макпетрол во Скопје.

После двојната победа на патеката во Имола, Џонатан Реа ги постави основите за освојување на неговата четврта последователна титула во Светскиот Супербајк шампионат.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!