Рускиот стантер, Марат Канкадзе, е член на „Motul Legend“, екипа која прави спектакуларни шоуа низ цела Русија и голем број на Европски држави.

Да се биде стантер значи дека треба да имате неверојатна храброст, феноменален баланс, да сте во врвна физичка форма и желба за перфекција која може да се постигне само преку напорен и редовен тренинг. Секако, да не заборавиме, треба да имате и среќа да избегнете сериозни повреди, кои секако се дел од оваа професија.

IMG 8402

Од каде сте и како започнавте со оваа авантура?

- Сите од тимот живееме во главниот град на Русија, Москва и веќе долги години имаме цврсто партнерство со Motul. Мотул е нашиот главен партнер и заедно сме дел од многу проекти. Започнав со соло настапи во 2004 година, а тимот на „Motul Legend“ беше формиран во 2007 година и имаше тројца возачи. Имавме многу настапи низ Русија како и низ Европските земји.

Дали е ова твоја редовна работа?

-Секако. Всушност, ова е нешто повеќе од само редовна работа. За да изведуваш вакви трикови треба да си во врвна форма. Мотоциклот исто така треба да изгледа добро и се на него да функционира беспрекорно. Потребно е многу време за сите работи да дојдат на свое место.

Дали може со тренинг да се дојде до балансат кој е потребен за да се биде професинален стантер?

-Со тренинг можете да стигнете до многу работи, но очигледно е дека треба да имате добра основа. Ова е како да сте многу млад и да учите како да одите. За време на првите чекори го барате вистинскиот баланс и не сте сигурни што треба да правите. Но веќе вториот пат имате многу поголема самодоверба. Исто е и со триковите. Ќе го направите еднаш и после тоа постојано го повторувате. Јас на тоа гледам како танцување со мотоцикли.

Докажано е дека после долго возење на едно тркало, на моторот му недостасува масло. Дали ваквите лимитирања бараат некакви технички промени со цел моторот постојано да биде подмачкан?

-Моравме да направиме одредени промени пред шест години, но оттогаш па се до денес се е во ред. Едноставно ставаме половина литар Motul 300V повеќе отколку што ставаат останатите возачи. Исто така го менуваме маслото после секои 10 часа кога имаме настап, а клиповите на моторот ги менуваме после 200 часа. Животниот век на нашиот мотор изнесува околу 800 часа.

80 Marat

Дали правиш некакви други технички промени?

-Имаме двајца инжинери кои работат со нас, а исто така имаме и CNC машини во професионало опремена работилница како што можеме да ги прилагодиме машините. Нашите инжинери всушност имаат креирано некои одлични адаптации. На пример, имаме развиено мала црна кутија која е сместена меѓу гаста и вбризгувачот на мотоциклот. Тоа го зголемува бројот на вртежи, а исто така обезбедува и други модификации. На еден начин, ние го хакиравме софтверот на BMW.

Колку часа неделно вежбаш кога се подготвуваш за настап?

- Секоја година вежбаме по околу шест месеци, но тоа е само во деновите кога немаме настап. На обичен ден, тренираме по околу 2 до 3 часа. Иако нашиот настап изгледа лесно, тој сепак е многу напорен. Имаме неколку одлични места за тренинг во близина на Москва и едно во Сочи каде климата е многу попријатна. За време на зимскиот период, Москва е целата со снег и затоа тренингот е речиси невозможен.

Кажавте дека овој спорт бара голема физичка подготвеност. Дали тоа значи дека треба да бидете атлета за да се занимавате со него?

-Оддржувањето на врвна физичка форма е клучен дел од тоа да се биде стантер. Многу често вежбаме и трчаме но најголем дел од нашиот тренинг го имаме на мотоциклот. На пример, после два часа вежбање, вие сте преморен. Исто така треба да имате и многу силни мускули на нозете за да го оддржите балансот над мотоциклот и да правите разни трикови инаку ќе направите грешка. Во Асен, имавме 16 настапи за два дена и тоа е навистина исцрпувачко.

Дали во иднина се планира некаква академија за младите возачи?

- Сега имам 45 години и сум ветеран во овој спорт. Во овој момент од мојата кариера имам конзистентен настап но и се уште учам. Возам со мозокот. Во однос на академијата, неодамна главните Руски мото федерации се здружија и сега јас сум претседател на една од комисиите. Оваа година во соработка со Motul го оддржавме „Motul Stunt“ шампионатот. Тој се состоеше од три етапи, а последната ја завршивме овој викенд. Имаме околу 35 возачи распоредени во 2 класи, затворена и отворена. Тука можам да им го пренесам моето знаење на помладите возачи и да ги откријам идните ѕвезди. Исто така им го пренесувам моето знаење и искуство во однос на целокупниот бизнис, вклучувајќи ги и спонзорствата. На еден начин можете да ме наречете ментор.

Која е твојата порака за крај?

На сите возачи и фанови сакам да им кажам дека треба да возат безбедно, да бидат паметни и воопшто да не се грижат за ништо кога се на мотоциклот. И најважно од се, бидете среќни.

Back To Top