Занимливости

Suzuki ќе оди во вселената - Производителот на мотоцикли ќе финансира истражување на месечината

Suzuki само што објави дека ќе биде дел од трката за освојување на вселената и дека ќе ја поддржи компанијата „Ispace“ чија што цел е истражување на месечината.

Следете нè на:

 

Suzuki само што објави дека ќе биде дел од трката за освојување на вселената и дека ќе ја поддржи компанијата „Ispace“ чија што цел е истражување на месечината. Се чини дека компанијата планира да ја насели месечината до 2024 година. Но како планираат да го направат тоа и каква функција ќе има Suzuki? Мило ми е што прашавте.

ispace 770x440

Јапонската компанија „Ispace“ неодамна собра 90 милиони долари кои ќе бидат искористени за да се испратат неколку роботи на месечината. Но ова ќе биде само прв дел од нивниот план за освојување на месечината. Меѓу компаниите кои донираа средства за оваа мисија, покрај Suzuki се и „Konica Minolta“ и Развојната банка на Јапонија.

„Suzuki одлучи да финансира две мисии до месечината,“ соопштија од компанијата. „Ispace“ соработува со HAKUTO, единствениот Јапонски тим кој е дел од „Google Lunar XPRIZE“, а Suzuki е партнер со HAKUTO од јули 2016 година. На 13-ти декември, „Ispace“ објави дека ќе испрати две лунарни мисии кои најпрво ќе орбитираат околу месечината, а потоа и ќе слетаат на неа. Од компанијата велат дека планираат да ги прошират комерцијалните активности и да создадат можности за живот надвор од земјата.“

Каков е планот на „Ispace“ и зошто го прават сето ова? Што ќе добијат Suzuki за парите кои ќе ги вложат? Еве што велат од таму.

„Ispace“ планира да го прошири присуството на луѓето и надвор од земјата. Со помош на дополнителните финансиски средства ние ќе продолжиме да ја развиваме револуционерната технологија. Веќе почнавме со развој на лунарно возило кое ќе овозможи регуларен превоз до месечината. Првата мисија, која е планирана за 2019 година, има за цел да испрати сателит во орбитата на месечината. Негова задача ќе биде да ја истражи површината на месечината. Во втората мисија, која е планирана за 2020 година, неколку ровери ќе се симнат на месечината и ќе треба да извршат мапирање на површината.“

Но ова е само првата фаза. Од „Ispace“ направија интересен филм во кој ги прикажаа нивните планови. Можеби наскоро ќе возиме на месечината!

Би можело да ве интересира

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.