Домашни настани

Брзинскиот мотоциклизам повторно дел од календарот на Мотоциклистичка Федерација на Македонија

Оваа година по пауза од повеќе од 10 Години брзинскиот мотоциклизам повторно е дел од системот натпревари на Мотоциклистичката Федерација на Македонија.

Следете нè на:

 

По долгата пауза и неможноста македонските мотоциклисти да се натпреваруваат за Шампионатот на Македонија во брзински мотоциклизам, годинава новото раководство на федерацијата со помош на државата ги враќа сите шампионати во својот календар.

Ова е навистина радосна вест за сите вљубеници во брзинскиот мотоциклизам, да уживаат на натпревар од Шампионатот на Македонија на патеката во Серес, Грција предвиден за викендот од 6 до 8 јули каде што ќе се одржат два натпревара од календарот за 2018 година. Класи во кој ќе се натпреваруваат мотоциклистите за Шампионатот на Македонија се следните:

-125 ( мотоцикли до 125 кубни сантиметри, натпреварувачка спецификација )

-600 Формула (мотоцикли до 600 кубни сантиметри, сериски мотоцикли)

-600 Супер Спорт (мотоцикли до 600 кубни сантиметри, натпреварувачка спецификација)

-1000 Формула (мотоцикли до 1000 кубни сантиметри, сериски мотоцикли)

-1000 Супер бајк (мотоцикли до 1000 кубни сантиметри, натпреварувачка хомологација).

Трката ќе биде организирана во соработка со Балканската Мото Унија, која е организатор на Балканскиот Шампионат во Мотоциклизам на кружни патеки на истата патека, што ветува навистина дека споменатиот викенд ќе е вистинско уживање на публиката и натпреварувачите.

Патеката во Серес, Грција со својата близина и конфигурација за моментов е единствената која ги задоволува стандардите за организација на натпревар во брзински мотоциклизам, но во иднина амбицијата на новото раководство на федерацијата е да се погрижи сите Мотоциклистички Шампионати да добијат сопствени патеки каде би се организирале идните национални и меѓународни натпревари.

Наскоро ќе биде објавен календарот за сите претстојни натпревари од Шампионатите на Македонија во Ендуро, Мото Крос и Мото рели, како и подетална информација за традиционалните мото активности на федерацијата.

Во изработка е новата страна на Мотоциклистичката Федерација на Македонија www.mfma.com.mk на која во иднина ќе бидат навремено објавувани сите тековни информации поврзани со мотоциклизмот во Македонија.

Мотори.ком.мк на новото раководство му посакува успех во работата!

Би можело да ве интересира

На 28, 29 и 30 Јуни за првпат на овие простори ќе се одржи женски мото камп во близина на градот Салаш, Република Србија. На него е дозволено да учествуваат само девојки. Односно, оние кои возат мотори и оние кои не возат, а ја делат истата пасија со првите.

Валентино Роси вели дека имал многу проблеми на правите делови за време на одржувањето на Француската Гран При трка а неговиот мотоцикл бил многу послаб во споредба со мотоциклите на неговите ривали.

Џек Милер во Шпанија го испроба доминантниот Ducati Panigale V4 R.

Ducati тестираат замена за 959 Panigale и неговиот v-twin мотор.

„Секој викенд учиме нешто ново. Наскоро ќе бидеме подобри“  - Хорхе Лоренцо

Дали би купиле Кинески скутер од Австриска компанија кој го има знакот на Ducati?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 11 Мај 2019 - 11 Мај 2019
  • Фабрика Партизанка - Индустриска зона

  • 01 Јуни 2019 - 01 Јуни 2019
  • Голозинци
  • Велес

  • 02 Јуни 2019 - 02 Јуни 2019
  • Дом на млади
  • Штип

  • 07 Јуни 2019 - 08 Јуни 2019
  • Нов Парк
  • Свети Николе

  • 14 Јуни 2019 - 16 Јуни 2019
  • Кавадарци

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Gradski Bazen Kumanovo
  • bul.Oktomvriska Revolucija, 1300 Kumanovo

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.