Изминатиов викенд, Христијан Бузалковски, заедно со својот тим ,71 Team’’, во Скопје Сити Мол, одржа прес конференција во пресрет на престојната сезона а воедно и го промовираше новиот дизајн на својот мотор со кој ќе се натрпеварува во класата 600 кубни сантиметри во рамки на БМУ Европскиот шампионат.

buzalkovski city mall

,Среќни сме што оваа сезона имаме можност да ги претставиме моторите и да го доближиме мото спортот до пошироката јавност. Оваа сезона ќе настапиме на БМУ Европскиот шампионат во класата F600 и наша цел ќе биде да ја одбраниме титулата. Огромна благодарност до сите што нѐ поддржуваат на секаков можен начин, а ние ќе се потрудиме да Ве направиме горди’’. – изјави Бузалковски кој и  покрај тешките предизвици, минатата сезона успеа да оствари  дури две победи на трките на кои се натпреваруваше.

buzalkovski city mall 2

Тимот ,,71 Team’’ веќе следната недела тргнува за Серес во Грција, на последните одготовки, односно на финалниот тест пред да самиот почеток на сезоната. Самиот шампионат стартува токму од таа патека, на 8ми април, а Бузалковски и екипата, со позитивна мисла и верба во себе, ќе дадат сѐ од себе да ја одбранат титулата и повторно да ја направат Македонија горда.

Бузалковски својата прва европска титула во БМУ шампионатот ја освои во 2018 година.

Back To Top