Домашни настани

Христијан Станковиќ е нов член на Ендуро Тим - Водно Скопје

Младиот и талентиран мотокрос возач Христијан Станковиќ е новиот член на мото клубот Ендуро Тим - Водно Скопје.

Следете нè на:

 

Христијан Станковиќ е новиот член на МК Ендуро Тим - Водно Скопје. Станковиќ доаѓа од мото клубот Мотостарс од Битола, а важи за еден од најталентираните млади возачи во земјава.

Зад себе веќе има бројни успеси, па иако има само 17 години веќе ја има златната кацига во листата на трофеи. Оваа сезона заради тоа што не се возеше шампионат во мотокрос кај нас тој настапуваше во Србија каде стана вице-шампион во МХ2, и шампион во класата МХ2 јуниор.

mx zabel 2015 61

Следната сезона ќе продолжи да вози во истите класи, ќе настапува во БМУ Европскиот шампионат во мотокрос во кој се предвидени 7 рунди (14 трки).

Станковиќ во разговорот за мотори.ком.мк изјави дека до соработката дошло спонтано: „Тие видоа дека ми е потребна помош за да напредувам и ми понудија место во тимот. Навистина сум задоволен од условите како и од самата атмосфера, која е навистина позитивна и со нетрпение го очекувам стартот на новата сезона“.

mx samokovl 2015 2 58

Младиот Кико се надева на успешна сезона во која со помош од тимот ќе атакува на подиум на БМУ Европскиот шампионат во мотокрос во класата МХ2. Во календарот за 2018 предвидени се следните трки:

БМУ Европски шампионат во мотокрос 2018
Рунда Датум Патека Држава
BMU MX01 10-11.03.2018 Јаница/Серес Грција
BMU MX02 21-22.04.2018 Гјоргево Романија
BMU MX03 05-06.05.2018 Севлиево Бугарија
BMU MX04 26-27.05.2018 Крешево Србија
BMU MX05 23-24.06.2018 Глобаре Србија
BMU MX06 15-16.09.2018 Самоков Бугарија
BMU MX07 29-30.09.2018 Тројан Бугарија

На Станковиќ му посакуваме многу среќа и успех со новиот клуб, и се надеваме дека ќе продолжи по стапките на останатите двајца членови на клубот кои донесоа огромен успех за Македонија на меѓународен план во 2017 година.

mx zabel 2015 3

Би можело да ве интересира

Ова е новата кацига на Nolan која ги задржува врвните карактеристики која ги имаше и нејзиниот претходник N44.

Шпанецот имаше за речиси половина секунда побрзо време од резултатот кој го постигна во понеделникот.

Суперкрос легендата и голем фан на MotoGP, Чед Рид, вели дека е лудо што никој во Гран При досега не експериментирал со „holeshot“.

Четири различни возачи ги освоија првите четири позиции на Филип Ајленд.

X-Lite X-803 Ултра Карбон е најспортската кацига на овој бренд.

Крузер линијата на Honda доби уште еден специјален модел за сезоната која престои. Станува збор за 2019 Honda Fury кој ќе се издвои од останатите модели по својот храбар дизајн и ретро изглед.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.